Ноќ на вештерките
Време е за издлабени тикви и страшни маски. Во САД и во други делови на светот денеска се празнува ноќта на вештерките или халуин, со кој Келтите некогаш одамна го означуваа крајот на жетвата.
Сега тоа е време за забава, друштвени игри и паради, а најголемата манифестација во светот ќе се одржи во Њујорк во Гринвич Вилиџ, каде се подготвува традиционалната парада на околу 50 илјади танцувачи, музичари, маскирани, акробати и други забавувачи.
Парадата традиционално се одржува од 1973 година, а во Њујорк ќе организираат и бал по маски со познати личности. За влезница од 75 до 95 долари гостите ќе можат да танцуваат со некоја ѕвезда.
Халуин потекнува од Келтите, кои на жетвениот празник колеле животни и правеле залихи за зима. Некои верувале дека на тој ден се брише границата меѓу живите и мртвите и затоа со големи огнови ги бркале гостите од “оној свет“. Издлабените тикви ги претставувале лицата, како најсилен дел од телото.
Ноќта на вештерките се празнува и во други делови на светот, а особено интересно е во романската Трансилванија, татковината на Дракула.
Годинава од ноќта на вештерките ќе се исплашат и трговците, бидејќи во екот на финансиската криза податоците покажаа дека луѓето ќе трошат помалку на маски и други додатоци, што можеби е увод во поскромните подароци за претстојните Божиќ и Нова година.
{loadposition content9}