Aнтички нема да се менува
Фестивалските спектакли и понатака ќе се одржуваат на постојниот Античкиот театар и просторот нема да добива нов лик
Фестивалските спектакли и понатака ќе се одржуваат на постојниот Античкиот театар и просторот нема да добива нов лик. Иако, од Завод и музеј 5 години по ред чекаат пари од ресорното министерство за експропријација на објектите околу театарот, пари за таа намена нема и годинава. Сопствениците на објектите, каде што се откриени различни археолошки наоди, пак стануваат се понестрпливи, сакаат расчистувањена имотноправните односи. Во мат позиција со институциите се наоѓаат седум сопствениците, меѓу кои од локалитетот Манчевци и куќите околу античкиот театар. Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство, вели дека просторот околу античкиот театар годинава нема да претрпи измени. „Целосното завршување на театарот подразбира и огромни финансиски средства, посебно околу решавањето на имотно – правните проблеми. Потребно е две куќи со пет семејства да бидат соодветно обештетени за она што ќе им биде одземено. Работите, со театарот сега се во фаза на застој “.
Според најавите, одржувањето на музичките и драмските спектакли на античкиот театар и понатака ќе се одржуваат на овој простор во сегашниот амбиент. Но, затоа пак, сеуште постои можност, туристите оваа сезона да ја посетат долго очекуваната Златната соба. Тоа ќе се случи само ако директорот на Управата, Паско Кузман го доработи започнатиот каталог.
„Бидејќи постојано ме прекинуваат во работата во последниве 4-5 години каталогот не е довршен. Навистина немам оправдување и сам сум си крив за тоа. Собата е готова, сите елементи се подготвени се чека само каталогот“, истакнува Кузман.
Археологот, Паско Кузман, нагласува дека католот за Златната соба е мошне важен елемент. Тој ќе остави траен белег за идните генерации. Во него научно ќе бидат презентирани проучените златните наоди од археолошките локалитети од охридскиот регион.
{loadposition content9}