Skip to main content

Новиот бран на ВМРО – ДПМНЕ ќе го заплисне и Охрид

Пратениците од Охрид, Александар Николовски и Харалампие Шокаровски викендов во родниот град. Дали се тука да отворат пенџере и да проветрат?

 |  Николоска Биљана  | 
wave
wave

 

Владејачката партија реши да ги проветри сопствените редови и најави кадровски промени и освежувања во општинските комитети и државните институции. Оттаму и насловот „Нов бран“ кој треба да асоцира  на нови личности и на свежината што се очекува да ја донесат.
Пратениците од Охрид, Александар Николовски и Харалампие Шокаровски викендов во родниот град. Дали се тука да отворат пенџере и да проветрат? Николовски појасни дека дел од функционерите се долги години на иста функција и нивното работење се скенира, колку се успешни и колку граѓаните се задоволни од нив.

„Со партиските комитети работата е во напредна фаза. 42 претседатели на општински комитети од ВМРО- ДПМНЕ се променети или во фаза на промена. Таа постапка е завршена, сега одиме со функционерите именувани од владата или собранието затоа што  има многу од нив кои на иста функција се по 6 или 7 години. Дел од нив се докажале ама дел не, па затоа граѓаните бараат да бидат сменети.“-рече охридскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Aleksandar NikoloskiКолку е партијата задоволна од работата на функционерите од своите редови, посебно е важно за претстојните локални избори. Според Николовски рано е да се зборува за имињата на можни кандидати за градоначалник  на Охрид од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.

„Сите шпекулации во јавност поврзани со локланите избори немаат никаков основ и никаква врска со работењето на партијата. Сето што е слушнато во медиумите, напишано, лиферувано и.т.н. е далеку од вистината и нема никаква врска со вистината. Нити сме почнале да разговараме за кандидати за градоначалници нити имаме кандидати за градоначалници нити ќе имаме во скоро време. Така што јас би замолил до сите оние кои што шпекулираат да престанат да го прават тоа заради тоа што во овој момент политичката партија не е фокусирана на кадровски прашање туку е фокусирана на тоа што го спомнав. Кога ќе дојде времето некаде пред или после Нова година ќе поразговараме и за кандидати за градоначалници и за советници, ќе си ја направиме стандардната постапка која што ја имаме во рамки на политичката партија ние имаме една демократска постапка каде што секој што сака може да поднесе кандидатура.“ – вели Николоски.

Николовски од позиција на партиски функционер, потенцира дека во моментов ,целосно и како политичка партија, но и како извршна и законодавна власт, биле фокусирани на остварување на програмата која што е ветена на граѓаните, како прво, и второ, во овој момент главниот фокус им бил, надминување на кризата која ште е сериозна и правење на што подобра конструкција за новиот ребалнас на буџет.

{loadposition content9}