Локалната реагира дека притисоците продолжуваат
Продолжува притисокот врз Локалната самоуправа со постојано и временски темпирано, поднесување на кривични пријави.
Продолжува притисокот врз Локалната самоуправа со постојано и временски темпирано, поднесување на кривични пријави.
Одговорно тврдиме, како и мпогупати досега, дека и најновата кривична пријава против раководители и вработени во Локалната самоуправа е неоснована и дека тоа ќе го потврди и судот.
Знаеме дека секој може да поднесе кривична пријава , но таа треба да биде основана и да ја потврди судот, зошто и оние кои поднесуваат треба да знаат дека можат да добијат кривична пријава за лажно пријавување. Затоа, прашуваме, кој е одговорен за тоа што од досега поднесените кривични пријави, поради неоснованост, ниедна нема судска завршница.
Уште еднаш потсетуваме дека , речиси седум години Локалната самоуправа е под постојан притисок на разни инспекциски служби , кои секојдневно се во општинската зграда и го попречуваат нормалното работење на администрацијата со граѓаните. Тоа е очигледен факт дека се работи за невиден притисок на органите на централната власт врз работењето на Локалната самоуправа.
Кабинет на градоначалникот Александар Петрески
{loadposition content9}