Денот на книгата постхумно посветен на Ташко Георгиески
Со изложба на делата на академик Ташко Георгиески во Охрид се одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право.
Со изложба на делата на академик Ташко Георгиески во Охрид се одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право. НУ библиотека „Григор Прличев“ постхумно во чест на Георгиески направи изложба на неговите литературни дела. За да му одадат почит и да се потсетат на делата на познатиот македонски раскажувач, романсиер и филмски сценарист во библиотеката беа присутни голем број почитувачи на неговите книжевни дела.
За неговиот книжевен опус, осврт направи директорката на НУ „Григор Прличев“, Александра Белевска. Авторот Георгиески беше член на МАНУ, на ДПМ, на ПЕН. Добитник е на бројни награди, а неговите дела се преведени на многу светски јазици. Ташко Георгиески со своето книжевно перо создаде бројни романи и раскази како што се делата Црно Семе, Црвениот коњ, Жолта ружа, Суви ветрови, Луѓе и волци, истакна Белевска.
23 април како Светски ден на книгата и авторското право се одбележува од 1995 година на иницијатива на Унеско. Од 1997 година овој ден се одбележува и во нашата земја.
{loadposition content9}