Skip to main content

26-години од катастрофата во Чернобил

На 26-ти април 1986 година, пред точно 26 години, експлодира четвртиот блок од нуклеарната централа во Чернобил, во денешна Украина, што ја предизвика најголемата нуклеарна катастрофа во светот.

 |  Голабовски Крсте  | 
Чернобил
Cernobil

Во Македонија овој ден ќе се одбележи со панихида за жртвите во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.
Несреќата во Чернобил се случила ноќта меѓу 25 и 26 април, 1986 година. Во несреќата загина 31 лице, а како последица на радијацијата до денес починаа 18.000 лица. Радијацијата со пречник од 30 километри озрачи околу пет милиони граѓани.

ЧернобилГрадот Чернобил, кој за прв пат се споменува во историјата во 1193 година, е оддалечен 83 километри северно од Киев. Поради таинственоста на властите во тогашниот Советски Сојуз, податоците за несреќата и последиците по животната околина и по здравјето на луѓето долго време не биле достапни.
Извештајот подготвен од Меѓународната агенција за атомска енергија и Светската здравствена организација заклучува дека 56 лица загинале во самата несреќа, и проценува дека уште 9.000 други починале од рак директно предизвикан од радијацијата.
Властите првобитно се обиделе да го сокријат инцидентот, но го признале дури откако зголемени нивоа на радиоактивно зрачење биле регистрирани и во Шведска.
Поради високото ниво на радијација, околу нуклеарната централа е воспоставена забранета зона со површина од околу 2.600 километри во која и до денес не е дозволен пристап на населението.
Самиот реактор е залиен со бетонски саркофаг дебел над еден метар за да се спречи радиоактивното зрачење. Денес во Чернобил нема граѓани, а во моментот на хаваријата имало вкупно 12.500. Во посебна зона од 30 километри може да се влезе само со специјална дозвола и опрема.

{loadposition content9}