„Скокна“ наградниот фонд на Вимблдон
Зголемената популарност на тенисот како спорт придонесува од година во година се повеќе да растат и наградите на најголемите турнири.
Зголемената популарност на тенисот како спорт придонесува од година во година се повеќе да растат и наградите на најголемите турнири.
Токму тоа е случај и со Вимблдон, откако организаторите на овој престижен тениски турнир објавија дека вкупниот награден фонд за 2012 година ќе изнесува 16,1 милиони фунти, што е за 10% повисока сума во однос на оваа од ланското издание на неофицијалното светско тениско првенство.
Интересно е што зголемувањето на наградите најмногу ќе го почувствуваат оние што рано ќе бидат елиминирани, бидејќи процентуално гледано најмногу се зголемени токму нивните премии (од 21 до 26%). Само за илустрација, тенисерите и тенисерките што ќе бидат елиминирани во првото коло од Вимблдон ќе си заминат дома со по 14.500 фунти. Победниците на Вимблдон 2012 во машка и во женска категорија ќе освојат по 1,15 милиони фунти, што е за 50.000 фунти повеќе од премиите што шампионите Новак Ѓоковиќ и Петра Квитова ги освоија во 2011 година.
Износот на „дневен џепарлак“ што го добиваат сите играчи е зголемен од 170 на 200 фунти секој ден од главниот турнир, односно од 85 на 100 фунти за време на квалификациите.
{loadposition content9}