Двапати крои, еднаш сечи
Предстојните локални избори ја тресат општинската организација на СДСМ
Во општинската организација на СДСМ наголемо се подготвуваат за предстојните локални избори. Тие пред се работат со своето членстви и симпатизери на терен, но големо внимание посветуваат и на политички неопределените граѓани. Ставот на централата на СДСМ во Скопје е до крајот на јуни да се истакнат кандидатите за идните градоначалници.
За Охрид веќе се споменуваат две имиња. Тоа е името на актуелниот Градоначалник Александар Петрески и името на претседателот на Општинската организација, Науме Јованоски.
Кој ќе биде кандидатот за првата градска фотеља ќе одлучат резултатите од анкетата која ќе се спроведе, вели Јованоски. Ова е нова пракса на партијата. На анкетните листови може да има и повеќе имиња на кандидати за градоначалник. Кој ќе има најголем рејтинг, тој ќе ја трча изборната трка.
{loadposition content9}