Skip to main content

Tеатарската претстава „Ромео и Јулија“ ќе го отвори 52-то издание на „Охридско лето

После цели 12 години, фестивалот Охридско лето ќе биде отворен со македонска тетарска претстава.

 |  Голабовски Крсте  | 
банер
baner

После цели 12 години, фестивалот Охридско лето ќе биде отворен со македонска тетарска претстава. Елизабета Јанкулоска, директорот на фестивалот, најави дека програмата е веќе утврдена и кажа дека ова 52-ро издание на фестивалот, во целост ќе биде посветено на уметниците и уметничките вредности.

„Сега дозволете ми со голема чест и задоволство да ве информирам дека отворањето на Фестивалот „Охридско лето 2012 година“, ќе биде со театарскиот оратриум Ромео и Јулија, кој во себе ќе ги обедени музичко сценските уметности, тетатрот, операта, балетот и музиката. Многу се радувам дека можам да дојдам на прес каде можам ова да го кажам и среќна сум дека тоа го рпавиме на 27-ми април“ вели Јанкуловска.

Режијата на ораторимуот е на Дејан Пројкоски, а првпат годинава како продуцент се јавува и фестивалот Охридско лето, покрај „Народниот театар“ од Битола, Македонската Опера и Балет ,а во копродукција со театарот од Русија „Вера Комисаршевскаја“  и Народниот театар од Охрид, објаснува Ѓорѓи Јолевски драмскиот селектор на „Охридско лето“.

слектори„Она што ќе се случи на 12 јули оваа година, ќе ја оправда возбудата, која сите ние на оваа маса ја носиме подолго време и се подготвуваме за големо спектакуларно и прекрасно отварање на Охридско лето“ објаснува Јолевски.

Селекторот на мучкиот дел на фестивалот Гордана Јосифова Неделкова, кажа дека годинава на фестивалот ќе видиме голем број нови врвни уметнички имиња кои досега не настапиле на „Охридско лето“, а кои се вистинска атракција на светските сцени. Од позвучните имиња треба да се напомене гостувањето а Доминиканскиот пијанист Мишел Камино, добитник на Греми и Еми наградите. За спомнување секако е „Вечерта на Еврпа“ и кипарскиот пијанист Сиприен Кацарис. Рускиот виртуоз на виолина Илија Гринголтс ќе биде дел од овогодинешното издание на фестивалот како и италијанскиот челист Енрико Диндо. Вистински вокален деликатес ќе биде настапот на словенската атракција „Перпетум Џезиле“, составена од педесетина пеачи. Но, Неделковска вели дека тоа не е се.

„Изненадувања сеуште следат и во периодот кој доаѓа ќе ги имате сите информации, се до офоицијалниот прес кога ќе ја промовираме целосната програмата“ потенцира Неделковска.

Директорката Јанкуловска соопшти дека изготвувачите на предлог програмата за овогодинешниот фестивал, Гордана Јосифова Неделковска и Ѓорѓи Јолевски, остнауваат всушност музички и драмски селектори на фестивалот. Таа веќе за следната недела го најави и отварањето на прес центарот и посочи дека соработката со медиумите овој пат ќе започне многу порано.

{loadposition content9}