Skip to main content

Кафето може скапо да ве чини

Охриѓани верни на своите автомобили. Тие дури и кога пијат кафе во кафуле сакаат автомобилот да биде паркиран ако се може,,, веднаш „на соседната маса до нив“.

 |  Николоска Биљана  | 
parking
паркинг

Времето затопли и нормално е луѓето да го искористат тоа за да излезат од дома. Кафулината преполни, а улиците, уличките затка од коли. Еден таков хаос од возила се создава на дел од улицата Коста Абраш. А само на неколку метри, помеѓу двете рампи кај градскиот плоштад има огромен паркинг. Граѓаните кои што живеат во тој дел од градот и секојдневно минуваат од тука, реагираат и во континуитет укажуваат дека надлежните треба сериозно да пристапат кон надминување на проблемот. parking tabanaИ од СВР Охрид признаваат дека на оваа улица постои сериозен проблем а со самото тоа и тие имаат полни раце работа. Портпаролот Стефан Димовски рече дека сообраќајната полиција во овој дел има одредено ниво на толеранција за деловните објекти за кои што се врши достава на производи. Додава дека за сите останати кои што непрописно се паркираат и го отежнуваат сообраќајот ќе се пишуваат казни.
Димоски рече, „Во пресрет на туристичката сезона СВР Охрид, ќе го интензивира, присуството на сообраќајни полицајци во централното градско подрачје посебно на ваквите точки каде што луѓето додека пијат кафе во кафулињата милуваат својот автомобил да е до нив“.

Тоа значи дека ќе има 24 часовно присуство на полициски работници кои будно ќе ја следат состојбата, потенцираат од СВР. Е па сега охриѓани наздравје кафе, а внимавајте за десерт да не добиете некоја казна која не е мала, па така, скапо да ве чини кафето.

{loadposition content9}