Skip to main content

Бесни деца искршени реквизити

Детските игралишта, кои денес се замена за некогашните маалски лединки,се места каде што градските деца минуваат дел од времето во игра. Но, се почесто, овие игралишта безмилосно се уништуваат.

 |  Валентина Неловска  | 
врте
врте

Детските игралишта, кои денес се замена за некогашните маалски лединки,се места каде што градските деца минуваат дел од времето во игра. Но, се почесто, овие игралишта безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. Родителите кои ги носат децата на игралиштата го осудуваат унуштувачкиот однос и веруваат дека тоа го прават тинејџерите кои на тој начин ги лечат младешките фрустрации.

рехРеквизитите во детските игралишта најчесто страдаат во вечерните часови под налет на агресивното однесување на децата од 10 години па нагоре. Искинати заштитни мрежи, откорнати лулашки и лизгалки е честа глетка во повеќето детски забавни паркови.

Психологот Калина Сотироска Иваноска, нагонот за уништување присутен кај младите го лоцира пред се кај децата од дисфункционални семејства, децата кои имаат недостаток на родителска љубов и внимание, па се до големиот степен на дисциплина која ја применуваат некои родители кај децата. Друг момент е манифестацијата на физичката моќ која ја зголемува популарноста на децата меѓу врсниците. Психологот Сотиорска Иваноска, појаснува дека сето она што го потиснуваат децата во себе го рефлектираат на игралиштата и во училиштата каде што ја исфрлаат негативната енергија околу себе, тие се однесуваат силеџиски и ги кршат работите без потреба.“

Од службата при Локалната самоуправа задолжена за одржување на детките игралишта информираат дека редовно ги одржуваат 14-те детски и спортски игралишта во повеќе делови од градот. Но, ги загрижува појавата што постојано се атакува врз игралиштата и што се кршат реквизитите.

Од таму апелираат во заштита на детските играчишта да се вклучат и локалните жители. За да се зачуваат игралиштата од уништување, покрај самоорганизирањето на жителите од урбаните заедници, граѓаните ги посочуваат и правилата за ограничено работно време, назначување на ред на однесување на трените и поставување видео надзор.

Од Локалната самоуправа потенцираат дека со парите од општинскиот буџет што се трошат за обновување на реквизитите на едно игралиште може да се подигне ново. Од таму има најава дека се подготвуваат терени за изградба на уште три нови детски игралишта, едното на Булевар Туристичка, во близина на гимназијата, второто во населбата Гоце Делчев, односно Бараки и третото на спортско рекреативниот комплекс на шеталиштето кон Горица.

{loadposition content9}