Skip to main content

За мирна старост поголема полициска заштита

Поголема полициска заштита за спокојна старост сакаат пензионерите од Дебрца.

 |  Валентина Неловска  | 
знак
знак

Поголема полициска заштита за спокојна старост сакаат пензионерите од Дебрца. Пензионерите од руралните средини, покрај немањето на амбуланти и аптеки, се почесто се жалат дека се жртви на кражби и на семејно насилство. За да се чујаат потребите и проблемите на пензионерите Здруженито на пензионери од Охрид и Дебрца практикува директни средби со членовите во 30 -те месни ограноци, нагласува претседетелот Ѓорги Трпчески. Се почесто пензионерите отворено ги кажуваат своите маки на овие средби. Тие не се чувствуваат безбедни затоа што нема полициска станица во Дебрца и бараат патролна служба или позорникар, кажува Трпческиpenzi

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски пак, негира дека безбедноста на жителите во руралните средини е загрозена. Полициската станица во село Издеглавје не е затворена туку е сведена на полициска канцеларија информира Димоски. Одлуката станицата да се сведе на канцеларија е од технички причини, а произлезе од претходно направените аналзии и проценки за криминалните активности и кривични дела на ова подрачје, појаснува Димоски. Согласно обврските на полицијата во ниеден момент не е загрозена безбедноста и сигурноста на граѓаните. Во текот на 24 часа има постојана полициска патрола, уверува портпаролот на СВР. Димоски дава објаснување од каде произлегува тогаш стравот кај пензионерите за нивната безбедност. Тој смета дека стравот е резултат на одлуката полициската станица во Издеглавје да се сведе на полициска канцеларија, но уверува дека полициските патроли се постојнао присутни на терен.

Од Здруженито на пензионери излезот од бројните проблеми кои ги мачи оваа популација го гледаат во Законот за пензионерско организирање и во окрупнување на неколкуте здруженија кои ги штитат правата на пензионерите. Законот е во фаза на подготовка и со неговото донесување ќе бидат почитувани и регулирани проблемите на пензионерите, уверува претседателот на Здружението Ѓорѓи Трпчески. Досега потребите на пензионерите како што се изградба на дом, покриеност со амбуланти или аптеки останаа само пусто ехо во етерот.

{loadposition content9}