Skip to main content

Силен земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтер ја потресе денеска Папуа Нова Гвинеја, но засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

 |  Крсте Голабовски  | 
Gvineja zemjotres
Гвинеја земјотрес
Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтер ја потресе денеска Папуа Нова Гвинеја, но засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал 685 километри северно од Порт Морсеби, главниот град на Папуа Нова гвинеја, соопшти американскиот геофизички институт.

Gvineja zemjotresПотрес со интензитет од пет степени денеска е регистриран и во југозападниот дел на Пакистан, во близина на градот Квета, три дена откако во катастрофалниот земјотрес загинаа 300 лица, а над илјада останаа без покрив над главата.

Засега нема информации дали овој потрес предизвикал материјална штета или евентуални жртви.

 

{loadposition content9}