Организација и координација на факторите, можен успех во туризмот
Ова е еден од приоритетит на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во периодов кој претстои.
Силна организација и координација на сите фактори вклучени во развојот на туризмот, е една од целите на кои интензивно ќе работи Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, се со цел да се надминат проблемите со кои се соочува оваа стопанска гранка, ова неодамна го истакна нејзиниот директор, Јордан Трајков.
„Значи има конкретни проблеми проблеми меѓу хотелиерите, туристичките агенции и водичите и дека е потребен фер однос од сите инволвирани, се со цел колку е можно повеќе туристи да дојдат и да се чувствуваат подобро во Македонија“ објаснува Трајков.
Што се однесува до недоамнешната најава за смена на седиштето на Агенцијата од Струга во Скопје, Трајков со објаснување дека одлуката не е негова, туку на Владата. А причината за тоа е една. Комплексноста на туризмот налага секојдневно да се контактора со голем број институции чиишто седишта се во Скопје, па со тоа агенцијата би работела, поефикасно и попродуктивно, објасни Трајков.
„Од тој аспект, не е битно каде е Агенцијата. Битно е да биде онаму каде ќе биде најфункционална за државата. Кај вас општината се држи за туризмот. Вие сте седиштето на регионот и ја имате агенцијата. Дали седиштето е во Охрид, во Струга или Дебар или Скопје агенцијата исто ќе го промовира Охрид“ потенцира директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Наспорти тврдењата на Трајков дека оваа година очекуваат зголемување на бројот на туристи, бројките не му одат во прилог, па така хоетелиерите пред самиот почеток на сезоната се жалат на драстично намалување на букинзите, до 30%, а првата група холандски туристи кои го посетија Охрид годинава заврши во собите на приватните сместувања. Да не зборуваме за несоодветната патна инфраструктура, економската криза и големата туристичка конкуренција во регионот. Но, ајде да бидеме оптимисти, можеби до почетокот на другата ќе се координираме и организираме, па ќе биде подобро.
{loadposition content9}