Секое задоволство чини пари или?
Каде да ја изгаснете вашата жед додека завршувате некои обврски низ град или едноставно сте на прошетка?
Обично не ни помислуваме на нив во остатокот од годината, но штом се приближи летото е дури тогаш јавните градски чешми стануваат поинтересни. Со порастот на температурите, жедта настапува многу побрзо, па се што сакате е само да се напиете од ладната течност која живот значи. Ама каде? Можеби ќе ја побарате најблиската јавна чешма. Кога ќе стигнете таму, што гледате? Редица луѓе од тука па до Струга. Ете ваквите сцени не натераа да се запрашаме дали имаме доволно јавни чешми низ градов. Еве што Охриѓани мислат за тоа.
„Многу бедно, многу малку чешми. Овој народ па и туристи кога има и сите овде чекаат строј, да се напијат на оваа чешма, нема чешми.“
„Јавни чешми? Не! Мислам дека нема.“
„Многу малку. Треба повеќе јавни чешми да има, и јавни чешми и јавни тоалети. Ова е туристичко место, многу е запоставено, за вода само две чешми се во цел град.“
„Треба повеќе внимание да се обрне на хигиената. Многу малку има и чешми и тоалети.“-велат дел од граѓаните.
Охрид е релативно мал град, но повеќето негови значајни културно-историски споменици се наоѓаат на охридското кале. Ако ви се оди натака на една убава прошетка тогаш подобро подгответе се. Сега засега, некако и се издржува, но кога ќе не зафати летото или ќе ги барате неколкуте јавни чешми низ градов, или ќе го протресите паричникот и во најблиската продавница ќе си купите шише вода. Дали сте турист или локалец, дали се шетате по Калето или одите до Плаошник, или терате бизнис трчајќи низ градската чаршија, во секој случај ќе ви треба голтка вода. А не секогаш ви се наоѓаат пари при рака.
{loadposition content9}