Skip to main content

Општината спремна да управува со градежното земјиште

Наскоро и Општина Охрид ќе се здобие со правото самостојно да отуѓува и дава под закуп неизградено градежно земјиште.

 |  Голабовски Крсте  | 
државно земјиште
drzavno zemjishte

И на Општина Охрид и се смее златната кокошка, наречена неизградено државно градежно земјиште. Се поголем е бројот на општините од државава кои ќе се офајдат од оваа одлука на Владата, а тука некаде е и Охрид.

државно земјиштеВладата на Република Македонија донесе одлука со која е овозможено 6 општини кои доставиле соодветни барања и ги исполнуваат законските услови да го преземат процесот на управување со градежното неизградено земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Што се однесува до општина Охрид, постапката се наоѓа во финалната фаза.

Локалната самоуправа од Охрид, уште пред неколку месеци ја донесе програмата за преземање со управување со неизграденото државно градежно земјиште. Во  неа во почетокот се опфатени оние делови кои што се поатрактивни и за кои Локалната има изработено комплетна урбанистичка документација, што е и еден од условите за префрлање на управувањето со земјиштето на општините, вели портпаролот на општината Симон Илиевски.

Инаку пред две недели Комитетот за неизградено државно градежно земјиште, кој е советодавно тело на Министерството за транспорт и врски и Владата ни даде зелено светло на програмата и сега во тек е се надеваме и завршната процедура и се надеваме дека на една од седниците на владата и Охрид ќе го добие правото за управување со неизградено државно градежно земјиште“ вели Илиески.
државно земјиште
Инаку, општините треба да имаат развиено и усвоено годишна програма за управување со државно градежно земјиште;  да имаат минимален број на лиценцирани општински службеници; да имаат воспоставен систем за електронско наддавање и комисија за јавно електронско наддавање.
Илиевски објаснува дека Секторот за урбанизам, заштита на човековата средина и комунален развој е екипиран и има кадровски потенцијал за управување со ова земјиште и се надеваат дека со добивање на ова право ќе се отворат нови можности за директна комуникација со потенцијални инвеститори, а со тоа ќе се постигне и побрз локален економски развој. Ова ќе значи дека општината ќе може да го продава ова земјиште, да го дава под закуп или да бара некои други форми за прибирање на инвеститори и развивање на јавно-приватно партнерство за одредени објекти.

{loadposition content9}