„Макпетрол“ им помага на граѓните
„Макпетрол“ со кампања, во која ги советуваат возачите, како значително да ја намалат потрошувачката на гориво, а воедно и да ја зачуваат животната околина.
Кога девојката му се пожалила на своето момче дека одамна не ја одвел на некое скапо место, тој и рекол дека ќе ја одведе, на бензинска пумпа. Ова е само една од големиот број шеги кои од мака си ги кажуваа возачите поради зачестените зголемувања на цените на бензините. Затоа, „Макпетрол“од неодамна започна со кампања со која сака да им помогне на своите потрошувачи. Тие денеска на возачите им делеа совети како да постигнат енергетска ефикасност и да го амортизираат трошокот за гориво од нивниот домашен буџет. Некои од граѓаните, помалку се придржуваат кон овие наизглед тривијални совети, некои од нив пак, се навистина доследни.
Од Макпетрол велат дека нивна најголема грижа се нивните потрошувачи. Кампањата „Заштеди, заштити“, се спроведува со единствена цел да се помогне да заштедат 10-15% од оној дел на буџетот кој оди за горивата. Односно како за иста сума да се поминат повеќе километри, вели маркетинг асистентот од „Макпетрол“ Горан Атанасовски.
„Пред се би рекол дека помладите возачи кои се помалку искусни не обрнуваат внимание на тие работи, кога на пример возиме со над 60 км/ч, се уништува аеродинамичноста на колата, односно се зголемува отпорот при што се зголемува и потрошувачката на гориво.Истот може да се избегне ако се затворат прозорите при брзини над 50-60 км/ч“ вели Атанасовски.
Оваа кампања за прв пат „Макпетрол“ ја спроведува на бензинска станица во Охридскио-Струшкиот регион, а од компанијата најауват дека истата во периодот кој претстои ќе продолжи низ сите региони од државава. Во интерес на зголемената ефикасност од оваа компанија уште од јануари ги воведоа новите ултра горива, кои се доста поекономични за разлика од старите, имаат подобрени карактеристики, а се збогатени со адитиви за зголемување на перформансите.
„Од јануари месец досега интересот за новите горива е зголемен, посебно за ултра-џет дизел горивото, кристално чисто гориво кое се прочистува низ специјални филтри за авио-гориво“ објаснува Влатко грозданов од бензинската пумпа „Макпетрол“.
Грозданов објаснува дека во последно време прилично е намалена потрошувачката на авто-плинот, а од неодамна „Макпетрол“ , засега само во Скопје, воведе и нов земјен гас, за кој потребно е да се вградат нови системи на возилата. Само информација, од „Макпетрол“ на возачите им советуваат, штедливо да ја користат климата, да користат соодветни масла, да ги затвараат прозорците додека возат, редовно да го сервисираат моторот а тука се и уште неколку други корисни упатства со кои граѓаните сами ќе може да си задржат некој денар во и онака олеснетите паричници.
{loadposition content9}