Вонредна седница на совет – нема да има
Нема да има вонредна седница на совет.
Случувањата во Трпејца е работа на инспекциите, а не на советот на општина Охрид, смета претседателот на советот на, Душко Јаковчески. Тој признава дека дописот кој вчера до него го поднел координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ го анализирал добро, по што заклучил дека нема основ, за овој проблем да се свика вонредна седница на совет. Јаковчески објаснува дека според статутот свикување на вонредна седница е предвидено во неколку случаи, по барање на градоначалникот, по барање на 1/3 од советниците, по самоиницијатива на претседателот на советот или во случај кога е нарушена безбедноста на граѓаните. „Најискрено не гледам ниту една од овие причини кои се наведени во статутот и најверојатно нема да свикам вонредна седница бидејќи и редовната ќе биде свикана за 10 -15 дена, а пред тоа ќе свикам седница со советнички прашања“, вели претседателот на советот на општина Охрид, Душко Јаковчески.
„Ова е чисто имотно правно прашање и толку се исполитизира што навистина нема потреба институциите локално и на централно ниво ќе си го решат тоа и нема потреба да додаваме масло на огнот, вели претседател на совет на општина Охрид, Душко Јаковчески.
Спротивно на ова, координаорот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Пановски смета дека случувањата во Трпејца имаат доволна тежина за свикување на вонредна седница на совет.
„Согласно член 42 од деловникот за работа на советот на општина Охрид престедателот на советот треба да свика седница на барање на ¼ од советниците, што значи дека во случајот за нашето барање за свикување на седница тој тоа треба да го направи, доколу тоа не го направи значи дека имаат против демократската расправа за еден реален проблем кој го има општина Охрид и уште еднаш ќе покажат дека доколку ова навистина не е тема за разговор во советот тогаш за нив тема за седница е само ако имаат детални урбанистички планови или кредитни задолжувања на општина Охрид од кои си ги остваруваат своите интереси, како мнозинство и како партија“, вели координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пановски.
Пановски довава дека советничката група на ВМРО ДПМНЕ очекува претседателот на советот писмено да се изјасни по однос на барањето за вонредна седница, за да можат да ги насочат нивните следни активности по однос на овие прашања.
{loadposition content9}