Skip to main content

Месечината во перигеј фотографирана над Охрид

Фотографии од Месечината во перигеј од небото над Охрид направија двајца охриѓани, аматери и вљубеници во астрономијата.

 |  Валентина Неловска  | 
месец
месец

 Фотографии од Месечината во перигеј од небото над Охрид направија двајца охриѓани, аматери и вљубеници во астрономијата. Стојан Стојановски и Сашо Божиноски  избрале локација во населбата Видобишта од каде што го следеле орбиталното движење на Месечината кога таа е најблиску до Земјата. Стојановски и Божиноски трпеливо направиле прекрасни фотографии и снимки на Месечината во перигеј.

moonВремето беше идеално, прво чекавме да изгрее Месечината, снимавме и сликавме трпеливо со часови. Околу 5 часот изутрината го чекавме нејзиниот залез. Снимките кои ги направивме се убави, а за тоа не послужи времето“, раскажува Стојановски.

Од 2005 година Стојановски започнал да се интересира поактивно за астрономските феномени. Аматерски почнал да ги следи небесните појави најпрвин со двоглед, за по една година да набави телескоп. Потоа следувало и аматерско фотографирање на астрономските феномени и со телескопот. Во набавката на телескопот и опремата му помогнале колегите од Скопското астрономско друштво.

Заедничкиот интерес кон небесните појави ги спојува Стојановски и Божиновски. Досега Стојановски и Божиноски сликале неколку затемнувања на Месечината и едно на Сонцето. Сликите ги објавувале на Фејсбук и Интернет, некои  завршиле дури и на CNN. Сашо Божиноски вели небото е полно со интересни феномени, ги има секоја вечер, но поголемите работи како перигеј се реткост. Сега се подготвуваат за фотографирање на нов феномен. 

моонНаредното случување е на 6 јуни. Тогаш има транзит на планетатa Венера над Сонцето. Се надеваме исто така на добри временски услови како и претходно, за да направиме успешни и квалитетни фотографии“, објаснува Сашо Божиноски.

 Голема желба на двајцата аматери вљубеници во астрономијата, Стојан Стојановски и Сашо Божиноски, е формирање на аматерско астрономско друштво во Охрид. Очекуваат луѓето кои имаат сличен интерес и познавања од ова област како нив да им се приклучат за да разменат заеднички искуства и знаење. Двјацата аматери астрономи наскоро најавуваат и веб сајт од оваа област.

{loadposition content9}