Наместо социјална помош, партиски потреби
Ставката од буџетот на општината за социјалната подршка на ранливите категории граѓани, се користи за злоупотреби и прибирање на средства за партиски потреби на СДСМ од Охрид, обвинуваат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ.
„Средствата од Буџетот на Општина Охрид за таканаречената социјална поддршка, Градоначалникот и СДСМ Охрид ги користат за покривање на загуби на јавните претпријатија и партиски потреби“, обвини на денешната прес конференција Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа ставка која изнесува 5 милиони денари наместо за намената, т.е лагата, преку јавните претпријатија во моментов се користи за злоупотреби и прибирање на средства за партиски потреби“, додаде Митровиќ.
Исто така од ОК на ДПМНЕ од Охрид со обвинување дека СДСМ и Градоначалникот веќе неколку месеци наназад, насилно земаат по 300-500 денари месечно од вработените во локалната администрација и јавните претпријатија во Охрид и тоа под закани кон вработените на работното место.
„Економски неоправданата лажна вработеност во локалната и јавните претпријатија резултира со неисплата на плати на оние кои реално работат и со испуштање на работници на старовременски механизми наречени 70 отсто ,тогаш е јасно дека СДСМ и градоначалникот заради свои интереси воведуваат нерамноправна работна и социјална сегрегација“, потенцира Митровиќ.
Инаку денешната прес конференција ја држеше Никола Митровиќ, дипломиран историчар архивист, кој после ангажманот во Секретаријатот за европски прашања во Владата на РМ ќе биде политички поактивен како портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
{loadposition content9}