Skip to main content

Охрид ќе добие уште шест кружни текови

Започнаа градежните активности за изградба кружни текови

 |  Маленкова Татјана  | 
ohridija
охридија

Локалната го променува регулирањето на сообраќајот во централното градско подрачје. Наместо светлосната сигназизација, одсега кружни текови. И раководителот на одделението за сообраќај и експертите се категорични дека овој начин на сообраќај за учесниците е побезбеден и го намалува времето на чекање. Работите отпочнаа на
рскрсницата помеѓу Туристичка и Асном, кај стара Охридија, со тоа што се извадија старите билбориди, две сијалици и други метални елементи кои попречуваа во градежните активности. Кружните раскрсници даваат перспектива, за разлика од семефорскиот систем и покрај тоа што пред неколку години комплетно беа реновирани, категоричен е раководителот на одделението за сообраќај. zoran sikaleski

„Oд година во година се зголемува сообраќајот во Охрид, а капацитетот на улиците е ист и пред 20 години и сега. Решенијата со кружните раскрсници го подобрува протекот на сообраќај, се намалува чекањето, а гледано од безбедносен аспект е многу побезбедно. Ќе извршиме добро осветлување на самите рескрсници“, вели раководителот на oдделението за сообраќај, Зоран Шикалески.

И Експертите се сложуваат дека одвивањето на сообраќајот на овој начин е многу побезбеден од класичниот. Томислав Тунтев доктор по сообраќајни науки вели дека овој начин на сообраќај дефинира одреден број фактори кои мора да бидат задоволени. Тој додава дека со овој начин на движење на возилата се намалува бројот на конфликтните точки, точно се знае кој има право на првенство на движење, возачите ја намалуваат брзината и се создава ефикасна сообраќајна контрола.  

„Заначи од сите критериуми што ги дефинира сообраќајната наука за било која крстосница предноста е кај кружните кртосници спрема оние кои се регулирани со светлосни сигнали.

Кружна кртосница доколу е соодвето проектирана и доколку се применети сите стандардни околности и параметри и задоволени сите стандардни услови кои важат и во националната и меѓународната легислатива подржана во сообраќајот, тогаш една од предностите се малите временски загуби, во споредба со класичните“, вели експертот по сообраќај, Томислав Тунтев.gimnazija kruzen

Тунтев како недостаток на кружните текови, и покрај тоа што кажа дека статистички не е докажано, напомена дека треба да се води поголема грижа за пешаците и велосипедистите.

На ова од локалната со став дека детално размислувале и за оваа категорија на граѓани учесници во сообраќајот.

„Во план сме соглесно програмите донесени од страна на советот на општина Охрид изградба и на два модерни надземни премини и тоа на раскрсниците кај Мини маркет и Охридска банка, затоа што на овие раскрсници фрекфенцијата е многу голема. Не треба да се заборави дека и фрекфенцијата на пешаци е исто така голема. Размислуваме овие раскрсници со физички препреки комплетно да ги разделиме, а размислуваме да поставиме и електронски скали“, вели Шикалески.

Од локаната откриваат дека кружниот тек кај стара охридија треба да биде готов до почетокот на туристичката сезона, а останатите до крајот на годината. Добро е да се знае дека кружните текови стануваат заштитен знак на  многу познати светски градови. Овој начин нс регулирање на сообраќајот посебно е погоден  во места каде големината на сообраќајот неочекувано расте во одредени периоди,  или пак напливот на автомобили во текот на денот неочекувано расте и опаѓа.

{loadposition content9}