ЛИДЕМ утре во Охрид бира ново раководство
Засега единствен кандидат е екс претседателот на кого во месец април му истече мандатот Бојан Јанкоски.
Претседателот на Либералната Интернационала, членот на Европскиот парламент, г-динот Ханс Ван Бален и Претседателот на Либерално демократската партија на Р. Македонија, г-динот Андреј Жерновски почесни гости на конгресот на партиски подмладок на ЛИДЕМ. Единствен кандидат за претседател на либерално демократската младина до денска е екс претседателот на кого минатиот месец му истече мандатот, Бојан Јанкоски. Тој најавува дека Конгресот кој се одржува во Охрид ќе изобилува со доста креативни и нови идеи кои младината на ЛДП ќе ги промовира во јавноста до локалните избори. Според Јанкоски на овој конгрес ќе се изготви и дел од стратегијата како либералите ќе делуваат до локалните избори, а со тоа да имаат свои кандидати на истите.
„Како што споменавте јас сум едниствениот кадидат, но се надевем дека утре на конгресот затоа што нашиот статут дозволува самокадидирање ќе имам против кандидат и ќе се натпреваруваме кој ќе го води ЛИДЕМ во наредните две години. ЛИДЕМ на политичката сцена остава свој белег и досега покажаа дека сме трет политички противник на политичката сцена. Ние ќе работиме со локални проекти, легализација на лесни дроги и проституција.“-вели кандидатот за претседател на ЛИДЕМ, Бојан Јанкоски.
На последните анкети видно зголемен рејтиногот на ЛДП. Преседателот на ЛДП Андреј Жерновски открива дека ова се должи на нивните активни кампањи кои ги водат но и на соработките кои ги имаат со Либералната Интернационала.
„Она што сакам да апелирам денеска когa се работи за надворешната политика како што ни престои самитот во чикаго, тоа дека не трњба да се делима на власт и опозиција, туку сите треба да работиме за интересите на македонија и сите заедно да го носиме дресот на Р.Македонија, што е многу важно. Во самите декларации на ЛДП е дека македонија не може да биде блокирана од било која земја.“-рече претседателот на ЛДП, Андреј Жерновски.
Претседателот на Либералната Интернационала, членот на Европскиот парламент, г-динот Ханс Ван Бален, почесен гостин на конгресот на ЛИДЕМ. Своите искуства денеска тој ги сподели со младите од ЛДП одговарјќи им на нивните прашања. Ван Бален важи за голем пријател на Македонија и човек кој се залага за полноправно членство на нашата држава во ЕУ и тоа до крајот на годинава. Претседателот Ван Бален силно се заложил за ставање крај на грчкото противење на членството на Македонија во НАТО под нејзиното уставно име, во согласност со одлуките на Меѓународниот суд на правдата од минатата година.
„Името Македонија и воопшто не е проблем. Она што верувам дека треба да се случи по изборите во Грција е дека треба Грчката влада да не се занимава со тоа како да ја блокира Македонија. Она што треба да се случи по изборите во Грција на 17 јуни, е владата да седне и да размисли како да ги реши економските проблеми, како да направи структурни реформи, а потоа да разговара како ќе се однесува кон соседите, не во смисла на вето и на блокирање, Грција мора да се престави како конструктивен партнер. Јас имам еден многу практичен предлог до Грција, ако навистина не сакате да гласате Македонија да ги започне преговорите, земете си за право да отсуствувате од состанокот кога ќе се носи одлуката за Македонија. Таа одлука донесете ја и во одредени часови. Излезете од состанокот еден час, дозволете ни да ја донесеме одлуката Македонија да ги започне преговорите за влез во ЕУ и потоа вратете се на состанокот.“-изјави Ханс Ван Бален – Претседателот на Либералната Интернационала и член на Европскиот парламент.
Инаку Претседателот Ван Бален, кој е докажан пријател и лобист на нашата држава, неуморен активист во афирмирањето на заложбите за што поскоро реализирање на македонските евроатланските аспирации. Тој во во рамките на посетата, оствари средба и со Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, како и со Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Поповски. Посетата е одлична прилика да се потврди големата поддршка што семејството на либералните партии во светот и’ ја даваат на Република Македонија за нејзино полноправно членство во ЕУ и НАТО, особено во контекст на претстојниот самит на НАТО во Чикаго.
{loadposition content9}