Отворен пресс-центарот на фестивалот „Охридско лето“
Станува збор за инструмент на фестивалот, преку кој новинарите од прва рака ќе ги добиваат сите информации за случувањата во фестивалот.
Станува збор за инструмент на фестивалот, преку кој новинарите од прва рака ќе ги добиваат сите информации за случувањата во фестивалот, како и за неговата програмата, објаснува Директорката Елизабета Јанкуловска.
„Добредојдовте, во центарот во кој ви обезбедивме интернет врска, компјутери, телевизори, телефонски линии и пропратни материјали, за да можеме да ви обезбедиме убава клима и добри услови, за да може од денес да го користите прес центарот за ваши потреби и за да може што полесно да соработуваме околу подготовката и реализацијата на фестивалот „Охридско лето“ и секако за да ви обезбедиме квалитетни информации“, вели директорката Елизабета Јанкуловска.
{loadposition content9}