Промовирана 41 -та генерација завршени студенти на ФТУ
На Факултетот за туризам и угостителство беа доделени дипломи на 150 завршени студенти од повеќе насоки.
На Факултетот за туризам и угостителство беа доделени дипломи на 150 завршени студенти од повеќе насоки. Со тоа беше промовирана новата 41 генерација на завршени студенти од оваа високо образовна иснтитуција. Дел од дипломците ќе бараат работа, а дел ќе продолжат со мастерските студии.
Деканот, Проф. Д-р Сашо Коруноски имаше свое обраќање пред дипломците. При тоа, деканот истакна дека животот е полн со предизвици, кои треба постојано да се совладуваат и да се постигнуваат нови успеси.
„Ова е само една скала од вашиот професионален развој и сакам да ве поканам да продолжите со вашето школување пред се на вториот циклус на студии кој се органзира во главните студиски програми. Ви се нуди уште една можност со акредитирање на 4 годишни студиски програми . Може да се пријават за 4 годишно универзитетско образование односно со 240 кредити. Ние сме тука тој трансфер да го направиме поеднставен, а Вие да продолжите со науката, знаењето и стекнувањето на вештини“, истакна Проф. Д-р Сашо Корунoски.
Деканот истакна дека Факултетот е дел од една образовна сфера во земјава и Европа, и дека постојано има промени во осовременувањето на научно образовниот процес. Се воведуваат нови студиски програми и се осовременуваат класичните. Во согласност со Болоњската декларација факултетот нуди три годишна студиска програма и двогодишни мастер програми, а од август се воведува 4 годишна студиска програма.
Промоцијата на новата генерација на дипломци требаше да се случи на Плаошник, но заради дождливото време свечениот настан се одвиваше во амфитеатарот на Факултетот за туризам и угостителство.
{loadposition content9}