Skip to main content

Обид младинските акции да се вратат на сцена

Зоран Стевоски е еден од иницијаторите за рестартирање на акцијашкиот клуб „Брег на младоста“.

 |  Валентина Неловска  | 
zok
zok

Зоран Стевоски е еден од иницијаторите за рестартирање на акцијашкиот клуб „Брег на младоста“. Стевоски е поранешен учесник во акцијашкиот клуб „Илинден“ и учествувал на 12 сојузни младински акции. Овој поранешен учесник на младински акции и неговите истомисленици се залагаат да го вратат духот на некогашните работни акции кај денешните млади луѓе. Стевоски потсетува на минатото кога несебично давале допринос за изградба на земјата, а покрај тоа се граделе како вистински личности со морални вредности, а стекнувале и работни навики.bri

Тоа беше вистинска школа на животот, која во последно време фали на овие простори. Насилството стана навика, криминалците и насилниците станаа херои кај младите. Сакаме да го промениме тој тек и младите да ги вратиме на вистинскиот пат каде што ќе владеат моралните вредности и кодекс“.

Стевоски се навраќа на работната акција „Брег на младоста“ која се одржа во Охрид во 1984 и 1985 година. На работните акции учествувале 18 бригади од поранешните Ју-републики. Во тоа време бил изграден патот Охрид-Ресен и водоводната мрежа од Метропол до Охрид. Важно е да се спомене дека со работните акции не само во нашиот град, туку и во земајава, се изградени капитални објекти во Стрежево, Попова Шапка, Мариово, дел од автопатот Братство Единство во Македонија, потсетува Стевоски. Се надева дека оваа идеја ќе биде прифатена од денешните млади луѓе.

Живееме во друго време каде што матријалното е над духовното. Но, ние ќе се обидеме оваа идеја да ја возобновиме. Интерес за обновување на работните акции има и во поранешните ЈУ Републики“.

Основањето на Здружението „Брег на младоста“ ќе биде на 9 јуни. Стевоски ги поканува да присуствуваат сите учесници на работните акции од 1945 година до 1990, од младинските бригади „Илинден“, „Дебрца“ и Брег на младоста“.

{loadposition content9}