Skip to main content

Одложен главниот судски претрес за „Пливалиште“

Причина, дополнителното вештачење на одредени околности.

 |  Голабовски Крсте  | 
stavre dzikov
ставре џиков

Ново одлагање на главниот претрес за несреќата која се случи во близина на струшкото Пливалиште. Според упатствата дадени од страна на Апелациониот суд, односно во решението, со кое е укината првостепената пресуда, наложено e да се изврши и дополнително вештачење од страна на професор Милан Чундев. Бранителот на Цвете Вранишкоски, адвокатот  Ставре Џикоски истакна дека дополнителното вештачење е причината поради која  е одложен денешниот судиски претсрес.

судница„Сега пред повторното судење,што е коректно од страна на судијата доставеное дополнително писмено мислење од страна на Проф.Чундев, кое во рамките на правата на одбраната ние сме должни да го разгледаме и по него да се произнесеме“ вели Џиков.

Џиков додаде дека уште во текот на доказната постапка, пред донесување на првостепената пресуда, како бранители на Цвете Вранишкоски, укажале на доста недостатоци во однос на она што се случило за време на трагичниот настан, во однос на користењето на струјата, каблите, броилото, напонот, заземјување итн. Правните застапници, и на обвинението, и на одбраната, имаат десет дена да го разгледаат дополнителното вештачење и да достават приговор. Адвокатот Џиков го истакна значењето на дополнителното вештачење.

„Ние сега кога ќе ја погледнеме содржината на мислењето, ќе се потприме на стручното мислење, ќе се исконсултираме и ние ќе дадеме писмен одговор на ова одполнително мислење на проф. Чундев, дали е основано или неосновано. Што е битна околност во рамките на тоа што се случило за време на критичниот настан“, објасни Џиков.

sudОвој судски предмет беше вратен на повторно судење откако Апелациониот суд во Битола ја укина претходната пресудата и ја уважи жалбата на бранителите на обвинетите. Обвинетите, Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески нема да одговараат како соучесници, туку ќе се утврдува одговорноста на секој од нив поединечно за кривичното дело за кое се товарат „предизвикување тешки дела против општата безбедност“.Во несреќата што се случи на 11 септември 2010 година на поставен шанк во комплексот Пливалиште, настрадаа тројца стружани, лекарите Јосиф Докоски и Киро Ѓоргоноски, како и Јоско Кувенџиески. Следниот претрес е закажан за 26 јуни оваа година.

{loadposition content9}