Skip to main content

До каде се активностите на проектот за Дримскиот басен?

Охрид домаќин на меѓународна Планирачка работилница на Проектот за заштита на  Дримскиот Басен.

 |  Маленкова Татјана  | 
drimski basen
дримски басен

Овој проект е поддржан од Германската Влада преку Германската меѓународна соработка (ГИЗ), планирано е да трае до 2015 година и да опфати 4 главни компоненти. Проектот ќе работи на мерки за заштита на Студенчишкото и другите блатни предели во сливот на Охридското Езеро, ќе се работи на мониторинг на флората и фауната во Преспанскиот и Скадарскиот регион, на проценката на рибниот фонд во трите езера, како и на карактеризација на езерата во Дримскиот Басен согласно директивите на ЕУ.
Дел од проектот се и Министерствата надлежни за областа на заштита на животната средина, води и шумарство на трите земји, за кои е наменет проектот.

„Целта на проектот е да се обезбеди одржлив развој на овие басени, а воедно да се постигне повисоко drimski basenниво на заштита на биодиверзитетот. Најбитно е што во овој момент се воспоставуваат темелите на проектот, се договара натамошната соработка и се надевам дека овој проект ќе излезе во корист и на локалното население, но и во насока на заштита на биодиверзитетот“, вели преставникот на Филип Иванов.

„Целта на проект е да видиме каде сме, а при тоа да не нанесеме економска штата“, вели координаторот за животна средина и прашања за водите за Југоисточна Европа, Херман Плум. Тој доаѓа од германското друштво за меѓународна соработка ГТЗ, а работи во Албанија, по налог на германското министертсво за меѓународна соработка што го поддржува овој проект. Тој додава дека ова е млад проект инициран минатата година кој започнува да се спроведува годинава, но тоа не значи дека почнуваме од нула, туку ова е надградување на неколку претходни проекти кои ги спроведуваме во програмата за зелен дијалог и очекуваме дека соработката ќе продолжи и во овие проекти во државите вклучени во регионот. Програмата вклучува подршка на биодиверзитетот и на заштитата на езерата во регионот“, вели координаторот за животна средина и прашања за водите за Југоисточна Европа, Херман Плум.

Проект координаторот вели дека активностите кои се прават се со цел да се заштитат природните рсурси на флората и фауната, но и да се набљудува флората и фауната во езерата опфатени со проектот.

„Ова како проект е еден вид на гордост на трите држави односно четири, кои гравитираат околу сливното подрачје на овие три езера, одржливото искористување е важна тема во целиот свет. Подржувањето на управувањето со биодиверзитетот и заштитата на езерата е една од главните цели кои сакаме да ги постигнеме со овој проект“, вели проект координатор, Ралф Певелинг.

„Се што работиме, е сите убавини да можеме да ги ставиме  во функција на туризмот и економскиот развој“, вели преставникот на билатералниот секретаријат, Дејан Пановски.

„Она што долги години го работевме како дијалог  доби своја реализација, тука сме го подготвуваме дијалогот како дел од реалноста, а реалноста е дека се она што ќе го ставиме како заштита и се она што ќе успееме да го заштитиме како биодиверзитет ќе треба да го ставиме во функција на туризмот во функција на економскиот развој и во функција на иднината на целиот регион“, вели Дејан Пановски од билатеријалниот секретаријат.

Проектот е дел од иницијативите и работата во рамките на Дримскиот дијалог кој од македонска страна беше инициран од Билатералниот секретаријат и е прв конкретен придонес од неколкугодишната работа. Планирачката работилница треба да ги постави динамиката на активности, временските рамки, финансиските параметри и очекуваните резултати од Проектот.
 
{loadposition content9}