Недостигот на вода-светски проблем
Сите земји да го дадат својот придонес за справување со климатските промени и недостигот од вода.
Во Македонија има добар хидролошки режим, но сеедно се дава придонес во насока на справување со климатските промени-вели министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми.
Проблемот со климатските промени ги засега сите држави во светот, па оттука и справувањето со нив е задача и обврска на сите. Петтата BALWOIS меѓународна конференција за води, клима и животна средина се занимава токму со овие прашања. Неа ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Абдулаќим Адеми кој изрази надеж дека оваа конференција ќе заврши со конкретни заклучоци од кои понатаму ќе произлезат проекти, но и законски одредби кои ќе го третираат ова прашање.
„Предизвикот не само за Македонија туку и за целиот свет се намалените расположливи водни ресурси, но и зголемените потреби за вода. Ние се обидуваме да донесеме правилни одлуки со кои овие ресурси ќе ги искористиме рационално. Планираме да основаме и регулаторно тело за води кое не само што ќе ја одреди точната цена за водата туку и ќе ги уреди и правните аспекти помеѓу субјектите кои продаваат односно купуваат вода.“-рече министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми.
Важноста на климатските промени според професор д-р Цветанка Поповска од Градежниот факултет од Скопје е голема, пред се бидејќи директно влијае врз количеството на вода со кое располагаме.
„Тоа е и основната цел на конференцијата, да се општествата ширум светот, тоа го кажав и во својот говор се прилагодат на зголемените потреби на свежа вода за користење и едновремено да се ориентираме кон алтернативни извори особено онаму каде што има еколошки катастрофи на водните ресурси како што е Аралското езеро јас го споменав или Аралското море, не сакаме да ни се случи во близина. За среќа ние сме последниве години соочени со некаков добар хидролошки режим во државата.“-вели таа.
Марк Морел, хидролог, истражувач и воедно еден од организаторите на BALWOIS конференцијата смета дека вистинското решение на проблемот со недостигот со вода е да се заштити квалитетот на водите и акватичните еко-системи.
„Мислам дека како и во другите земји за жал мораме да ги адаптираме нашите стратегии кон климатските промени кои не можеме да ги избегнеме затоа што како што знаете овие климатски промени, овие глобални промени имаат влијание во сите земји во светот. На пример јас живеам на Карибите кои се еден мал остров, но и ние мораме да го правиме истото, да се соочиме и да го интегрираме ова влијание на климатските промени.“-рече коодинаторот на BALWOIS проектот, Марк Морел.
Инаку, Организатори на BALWOIS Конференцијата се Балканскиот Институт за вода и животна средина од Франција, Градежниот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј од Скопје, Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје и Метеоролошкото здружение на Република Македонија. На Балвоис конференцијата учествуваат околу 350 претставници од 40 земји со околу 480 научни трудови. Македонија учествува со 40 труда.
{loadposition content9}