Сeдница во знакот на претстојната туристичка сезона
Изгласани точките кои се однесуваа на програмата за поставување на урбана опрема, новиот режим на сообраќај и продолжувањето на работното време на угостителските обекти.
’47-то издание на советот на Општина Охрид посветено на подобро спроведување на сезоната која претстои. Така, експресно поминаа точките кои се однесуваа на новата програмата за поставување на урбана опрема, новиот режим на сообраќај и продолжувањето на работното време на угостителските обекти.
Не поминаа точките предложени од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за разрешување на Претседателот на советот и неспроведување на одлуката за рушење на дивоградбата во Трпејца. Точката за кредитно задолжување на ЈП, Нискоградба“ предложена од страна на Градоначалникот Александар Петрески, доби зелено светло од советниците, како и тромесечните извештаи за работата на јавните претпријатија.Исто така изгласнаи беа три точки кои се однесуваа на Предлог одлуки за утврдување на еден нацрт и два детални урбанистички планови.
Пред да ја напушти седницата, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ја поддржа точката која се однесуваше на проектот за управување со ризици од поплави со доза на сомнеж во менаџерските способности на Секторот за туризам и локален економскир развој од општината.
{loadposition content9}