Skip to main content

Работното време на угостителските објекти се продолжи

Но, само за празниците за кои Охрид е најпосетен од туристите.

 |  Голабовски Крсте  | 
kafulinja
кафулиња

Угостителските објекти во Охрид за време на туристичката сезона ќе работат со продолжување од еден до два часа. Но, само за празниците за кои Охрид е најпосетен од туристите. Пред донесувањето на ваквата одлука од страна на мнозинството на Советот на општината, претходеше реакцијата на жителите од Урбаната заедница Стар Град.

Членовите на Урбана заедница еден, бараат да не се продолжува работното време на угостителските објекти во викенд зошто велат, за гостите секој ден е викенд.Тие исто така со барање, концесионерите на плажите стрикно да се придржуваат до работното време . Потенцираат да не се дозволи на плажите да се организираат настани и концерти после дозволеното работно време бидејќи како што велат, истите за дискотеки на отворено немаат лиценца.

ploshtadВо соопштението уште стои дека во последните години масовно се ивестираше во сместувачки капацитети во овој дел од градот, преку што се обезбедуваат приходи на голем број семејства кои сакаат сопствената инвестиција да ја повратат без да бидат попречувани  од угостителските објекти. Мнозинството на Советот пак, на вчерашната седница  како што велат донеле соломонско решение, избалансирано, но сепак засновано врз законските одредби, а сепак земајќи ја во предвид реакцијата на жителите на стариот град.

„Значи се обидовме, јас мислам дека успеавме да направиме еден баланс и помеѓу желбите на угостителските работници и помеѓу маките кои пред се ги имаат жителите на стариот дел на градот и туристите кои пред се претстојуваат во нашиот град“ вели координаторот на советничката група на СДСМ Томислав Тунтев.

kafulinjaНаједноставно кажано, работното време на угостителските објекти во месец јуни во текот на пет празнични денови се продолжува за еден час, во јули 5 дена работното време ќе биде продолжено за два часа,а  два дена за еден час. Во август, во текот на 11 празнични дена работното време ќе биде продолжено за два часа, а во септември, октомври, ноември и декември во текот на три дена од овие месеци, угостителските објекти ќе работаат подолго за еден час. Е сега колку оваа одлука ке се почитува, тоа е веќе друга приказна. Без координација во дејствувањето на сите релевантни фактори, многу веројатно е да се повтори приказната од годините наназад.

„Доколку во оваа држава, се спроведуваат законите, пред се за Заштита на човековата средина, по однос на бучавоста, доколку инспекциите си ја вршат работата и доколку законите се спроведуваат неселктивно, тогаш ние сме сите објекти да работат 24 часа.Ако граѓаните и туристите намат последици од таквата работа нема причина зошто да не работат. Секој туристички центар во светот, туристие бараат да имаат содржини, но изгорени сме од минатите години“, објаснува Тунтев.

Деновите во кои се продолжува работното време се утврдени согласно ингеренциите на советот и предлогот донесен  врз основа на програмата  за одбележување на манифестации и празници, објаснува Тунтев. Додава дека   Законот за угостителска дејност, дава право и надлежност на Советите  на општините да одлучуваат за продолжување на работното време во максимално траење од три дена, со продолжување од два часа.

{loadposition content9}