Македонска и грчка младина заедно против бариерите
Денес со заедничка средба ги споделија искуствата стекнати при посетата на 8 градови од македонска и грчка страна.
Уметност, индустрија, претприемништво, стопанство. Еве неколку поими кои имаат заедничко значење за Македонија и Грција. Но не на државно туку на општинско ниво. Младите од двете земји преку проектот „Контакти за заедничка иднина“ ќе ги рушат бариерите кои меѓу нас ги поставува политиката. Како дел од овој проект се одржале неколку подготвителни семинари во четири македонски и четири грчки градови во кои се споделиле искуства од најразлични области. А ова е заклучокот на претставниците од Грција.
„Луѓето се многу отворени за соработка. Овој ѕид кој понекогаш го создаваат политичарите помеѓу нас не е всушност вистински ѕид бидејќи луѓето не се чувствуваат така, нив не им е важна политиката, тоа ги интересира само политичарите и сакаме нашите врски да станат подобри барем одсега и да не ги мешаме нашите чувства со политиката.“-вели грчката претставничка, Еви Тсумерка.
Сличен заклучок е донесен и од македонска страна. Христијан Пејовски, учесник од Македонска страна, вели дека изненадувачки е фактот колкаво ниво на соработка постои помеѓу двете земји, но на општинско ниво. Овој факт само покажува дека политиката е вистинска пречка за далеку поуспешна соработка.
„Причината поради која отидовме таму и тие тука беше за да се запознаеме кои проекти биле направени со средства на ЕУ и таа Интерек програма и ние посетивме некои од тие места кои биле дел проектот имавме можност да видиме една црква во Воден која што со заеднички проект во кој влегува и охридската црква Света Софија за реставрација на фреските и ентериерот.“-рече Христијан Пејовски, претставник од Македонија.
Инаку оваа иницијатива е организирана од Младинскиот клуб од Крушево у Унеско младинскиот клуб од Солун, а подржани од германската Фридрих Еберт Штифтунг фондација и Маршаловиот план за Германија.
{loadposition content9}