Skip to main content

Што со џамијата Мустафа Челеби?

Стопирани активностите за рушење на дел од 6 века старата струшка џамија Мустафа Челеби. Допрва ќе се кршат копјата околу тоа дали рушењето е бесправно како што тврдат од Завод и музеј Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
dzamija
џамија

Урнат дел од познатата струшка џамија „Мустафа Челеби“. Овој верски објект кој веќе пет века тежи на тлото во централното градско јадро во Струга, незаконски се руши алармираат од Завод и Музеј, Охрид. Дел од граѓаните на Струга кои сакаа да останат анонимни, велат дека тие случајот го пријавиле веднаш откако започнале активностите за рушење и се чудат зошто толку доцна реагирале полициските служби. Додека пак други не знаеа за што станува збор, но ја подржуваат иницијатива да се направи ново и подобро.

dzamija 1Бесправни се сите активности кои изминативе два дена се изведуваа околу џамијата „Мустафа Челеби“, нагласува директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска. Додава дека целиот простор околу таа џамија претставува поединечно заштитено споменичко добро и е со закон заштитено. Директорката вели дека нема отстапка кога се работи за свети локалитети и патот кој мора да се помине за да се добие дозвола е јасен, уредно доставен проект до службата за заштита, а одобрението го дава Министерството за транспорт и врски, што во овој случај тоа не е испочитувано.

„Всушност ние и не знаеме која е целта на овој грозен чин, во секој случај ова претставува кривично дело и според кривичниот законик ќе бидат превземени соодветни мерки. Од страна на нашата институција превземено е се она што требаше да се превземе известена е СВР во Струга, доставен е и допис до муфтивството кој всушност ги изведува бесправните дејствија, доставен е допис до општина Струга до Локалната самоуправа, известени се инспекциските служби при управата за заштита на културно наследство известен е и државниот градежен инспекторат“.

„Останува истото име „Мустафа Челеби“, истата историја и објектот ќе остане како што е, само што правиме проширување и место за молитва на возвишениот Бог“, вели во телефонска изјава за ТВМ муфтијата Ферат Полиси. Во Струга и во струшкото муфтивство ќе се руши додатниот дел кој е изграден, дел пред пет години, дел пред 12 години, а делот кој ја означува османлиската култура кој е заштитен под Заводот за заштита на споменици не се чепка ниту трееба да се чепка. Бидејќи ние сме свесни дека само прошируваме дел од тој објект, за да има место за клањање на сите верници, а дел кој е стар толку години нема да се чепка и ние сме потполно свесни за тоа“.

dzamija2Секаде каде што ќе биде потребно во врска проширувањето на џамијата, кај сите државни органи ќе се обратиме, вели Полиси. Додава дека веќе имале склучено меморандум со Турската амбасада и со нивните архитекти го одредиле местото, принципите, работите и нема да се оди спротивно на законите. 

„Све е законско и ние сме свесни дека треба да се обезбедат соодветни дозволи од нашите институции и ние тоа го правиме и нема да одиме надвор од тоа што е легално и легитимно“.

Со оваа негова изјава не се согласува Бунташеска.

„Тие се во заблуда, значи џамијата има еден постар дел кој што е граден во 16, 17 век и понови доградби, меѓутоа целиот тој комплекс, џамијата со гробниците и со дворното место е целосно е под заштита и стариот и новиот дел“.

Денеска е мирно околу џамијата „Мустафа Челеби“, Активностите за рушење почнале уште четвртокот, а биле стопирани ден подоцна поточно вчера во попладневните часови, со асистенција на државниот градежен инспекторат и полицијата. Во понеделник 04 јуни се очекува сите инспекциски служби да излезат на лице место на терен и да констатираат она што е случено досега и доколку е потребно да превземат соодветни мерки.

{loadposition content9}