Словенија не ги блокира преговорите меѓу ЕУ и Загреб
Словенија не е виновна за наводната блокада на шест преговарачки поглавја меѓу Европската комисија и Хрватска, туку до застој е дојдено поради обидот на Загреб „да внесе еднострани решенија и необични барања во европскиот преговарачки процес“.
| Крсте Голабовски | Свет
знамиња
Словенија не е виновна за наводната блокада на шест преговарачки поглавја меѓу Европската комисија и Хрватска, туку до застој е дојдено поради обидот на Загреб „да внесе еднострани решенија и необични барања во европскиот преговарачки процес“.
Ова е ставот со кој што вчера излезе словенечкото Министерство за надворешни работи како реакција на минатонеделното соопштение на хрватското Министерство за надворешни работи и евроинтеграција.
Словенечкото Министерство вчера посочи дека Хрватска не е блокирана во своите преговори со Европската унија, ниту дека вината за застој може да и се препише на Словенија.
„Хрватското Министерство за надворешни работи во своето соопштение и хрватскиот преговарач Владимир Дробњак изнесоа неколку неточни и невистините информации. Во хрватските преговори не дојде до блокада, а уште помалку до застој, за кои виновна би била Словенија. Хрватските преговори се релативно бавни затоа што таа држава има тешкотии со исполнувањето на барањата на организацијата во која што сака да влезе. А како што е познато, Словенија е членка на таа организација“, се наведува во соопштението од словенечкото Министерство.
Понатаму во соопштението се тврди дека документите, на кои во преговарачкиот процес се повикува Хрватска „ја прејудицираат границата“.
Хрватското Министерство минатиот вторник во соопштение за јавноста излезе со реакција на документ за словенечката резервираност во однос на отворањето на некои преговарачки поглавја во преговорите на Хрватска со ЕК што го објави Словенечката национална телевизија.
Хрватското Министерство наведе дека во ниту едно од пристапните поглавја, Хрватска не ја прејудицира границата со Словенија и оти таквите тврдења од словенечкиот документ „не се засновани врз факти и врз реалната состојба“.
Двете поранешни југословенски републики се уште немаат постигнато конечен договор за копнената и морската граница, откако стекнаа независност во 1991 година.
Од почетокот на преговорите со ЕУ во октомври 2005 година, Хрватска отвори 21 преговарачки поглавја, од кои четири веќе се затворени.

{loadposition content9}