Skip to main content

Дипломата креира лидери, учи медицина

Трета година на доделување на медицинските стипендии за роми.

 |  Голабовски Крсте  | 
romi
роми

„Дипломата креира лидери, учи медицина.“ Ова е мотото под кое веќе трета година, се промовира Програмата за доделувањње медицински стипендии за роми. Анита Абазоска е една од заинтересираните средношколки, кои својата професионална иднина ја гледаат во сферата на медицината.

romi„Медицината ја одбрав, бидејќи од секогаш сум имала желба и знам дека можам да станам едно од тие медицински лица, желбата ми беше огоромна и успеав во тоа и сакам да продолжам, а оваа програма  за стипендија ќе ми помогне во тоа и многу сум задоволона ако се случи тоа“ вели Абазоска.

Програмата за медицински стипендии за роми, функционира веќе трета година. Покрај финансиската поддршка, оваа програма нуди промоција, подршка, менторство и застапување за сите млади, кои сакаат во иднина да бидат дел од здравствениот сектор во Македонија, вели Ајсел Мемет – координатор на програмата.

aplikacija„Целта на програмата е да се создадат и креираат лидери коишто понатаму ќе уечствуваат во креирањето на јавните политики во областа на здравството, со посебен акцент на Ромската заедница во Македонија“ вели Мемет.

Финалниот избор на стипендистите го прави посебно национално тело за селекција во које има претставници од Министерство за образование, претставници од здравство и претставник од невладиниот сектор. Финансиската конструкција за целата програма за Македонија,Србија и Бугарија е обезбедена од фондацијата „Отворено општество Будимпешта“ и „Ромскиот образовен фонд од Будимпешта“.Во Македонија, програмата ја имплементира Фондацијата Институт отворено општество Македонија.

{loadposition content9}