Skip to main content

Благослов за новиот муфтија

Екс муфтијата Ферат Полиси еден ден после неговото ослободување од муфтиството, се оправда пред јавноста, смета дека цело сценарио во врска со неговото разрешување било однапред подготвено и е политичка одлука.

 |  Николоска Биљана  | 
dzamija
џамија

Екс муфтијата Ферат Полиси при донесувањето на одлука за  рушење на дел на џамијата бил свесен за последиците. Како што веќе информиравме, тој потег го чинеше, негово разрешување. „Ако не го преземев овој чекор на своја рака и покрај предупредувањата на повисоките структури на ИВЗ, како и разните притисоци, муслиманите од Струга ќе се збогуваа со идејата за изградба на голема џамија во градот и центар за клањање“, истакнува Полиси.  dzamija 1Додава дека и покрај огромниот притисок што го трпеле, тие си го направиле своето.

„Но накрај ние го направивме она што требаше сметајќи дека на градот му треба добра и голема џамија и самите органи на државата знаејќи дека нема да престанам јас рушив дел на џамијата, кој не е под заштита и тие знаеа точно од државата и само пред два месеци ја ставија под заштита“.

За Полиси очекувано беше и нашето прашање во врска потпишаниот меморандум со Р. Турција околу актуелната џамија „Мустафа Челеби“. Имено според извори блиски до ТВМ, од Турската страна не биле согласни за изведување на било какви активности поврзани за овој верски објект кој е изграден за време на османлиската империја.  

dzamija2

„Тоа не е вистина го имам меморандумот и знаев дека ќе има такви прашања. Протоколот е тука. Точно и за џамијата Мустафа Челеби дека ќе се прошири, дека тие рекоа и за друга џамија тоа е вистина но меморандумот е за Мустафа Челеби’.

Полиси не чуствува одговорност за рушењето на дел од џамијата, напротив истакна дека бил и останува дел од ИВЗ. Тој себе си се смета како способен и институционален човек кој не оди спротивно на законите во оваа држава. Како доказ за тоа биле неговите три мандати или неговото 12 годишно присуство како муфтија во Струга. Тој е длабоко  убеден дека неговото разрешување е политичка одлука. Инаку Полиси потсети дека во Струга постои само еден објект кој своевремено е заштитен од страна на Завод и музеј, тоа е амамот за кој досега никој не направил ништо за негова актуелизација и истакнување на важноста. За крај, Полиси рече дека мирно и чесно ја прифатил одлуката на ИВЗ за негово разрешување и фотељата на најдемократски начин и со благослов на Алах, му ја препушти на магистер Сали Сулејмани, кој воедно е новиот муфтија и кој се обрати на албански јазик, но вети дека наредниот пат за медиумите ќе даде изјава на македонски јазик.

{loadposition content9}