Skip to main content

Година на есејот

Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“-Струга годинава во знакот на 150 години од смртта на браќата Миладиновци.

 |  Николоска Биљана  | 
esej
есеј

Во организација на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ годинава во Струга по шести пат ќе се одржи Меѓународната литературна манифестација „Година на есејот“. Директорот на Академијата, Разме Кумбароски, изразувајќи се со поетски стил, потсети на значението на оваа академија, а посебно на овогодинешниот повод, 150 годишнината од смртта на браќата Миладиновци.

mediteranska

„На почетокот како да беше зборот, потоа Бог и се разбира словото, а сето тоа го чинам затоа што годинава одбележуваме 150 години од смртта на браќата Миладиновци, 150 години болка и жал или век и половина. Сето тоа го кажувам затоа што тука сме пред прагот, грнците, земјаното тркало, калдрмата, чаршијата, занаетите, а Миладиновци не само за граѓаните на Струга и земјава туку и на балканот претставуваат едно незаменливо величие“.

И после 150 години од смртта на браќата Миладиновци, првите биографии за нив, не ја кажале вистината и сеуште постојат темни страни за нивниот живот, потсетува Јове Негриески, поет, поранешен новинар. Во неговиот широк спектар на белешки за  Миладиновци, како доста интересно сознание го извлековме она, каде Негриески кажува за улогата на Кузман Шапкарев во животот на струшките браќа. Шапкарев бил првиот биограф за животот и делото на Миладиновци и зет на Димитар Миладинов, кој според Негриевски од лични интереси не ја говорел вистината.

miladinovci

„Кузман Шапкарев како учител во Струга во отсуство на Димитар, сексуално ја злоупотребил неговата ќерка Елисавета кога имала 12 години, а бил нејзин учител. Тој самиот во својата автобиографија вели, имаше 12 години но беше развиена мома. Меѓутоа мајката на Елисавета, сопругата на Димитар, како секоја мајка го прибрала дома како станар. И Димитар Миладинов не е апсен 1861 година во оваа куќа, туку во куќата каде што бил домазет кај Наум Матов, за Митра Миладинава. Тогаш сите велат дека му зела две вреќи ракописи што воопшто не е точно“.

Бугарската академија за науките и уметностите во 60 сетите години формира комисија за да се најде оргиналната фотографија на Димитар Миладинов, а таа фотографија во Охрид ја пронаоѓа струшкиот хроничар Петар Чакар, вели Негриески. Тој кажува многу работи поврзани за делото на браќата Миладиновци, но она што секој, според Негриески, треба да го знае е, дека Струга е стожерот на македонизмот, тука е испеана за прв пат химната на Македонија, тука почнала преродбата и во Струга почнало се што е македонско. Инаку, на Медитеранската академија која по 6 ти пат се оддржува во Струга ќе учествуваат повеќе есеисти, теоретичари и писатели од десетина балкански земји, а воедно ќе биде отворена и изложба во чест на браќата Миладиновци, што ја организира универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ од Осиек, Хрватска. Овогодишен лауреат и добитник на повелбата „Академија на Медитеранот“ е Ана Багрјана, писател од Украина.

{loadposition content9}