Skip to main content

„Жито Леб“, успешна компанија

Македонија сеуште има здраво ткиво за справување со економската рецесија. Пример за тоа се двете охридски компании „Жито Леб“ и „ЛТХ Леарница“, кои исправено стојат и се носат со  предизвиците на светската криза.

 |  Николоска Биљана  | 
zito leb
жито леб

 

Високи претставници на Стопанската комора на Македонија, денес во посета на две охридски компании, „Жито Леб“ и „ЛТХ Леарница“.Тука се со цел да ги слушнат конкретните проблеми, како и тоа да понудат помош. Директорот на Комората Бранко Азески, рече, пред компаниите  претстои тежок период на поразителни бројки и тешкотии низ кои ќе треба да поминат. Азески напомена дека некогаш стопанството и помагаше на државата, сега се бара државата да му помогне на стопанството и дека биле во постојан дијалог со Владата на Р.М. за да се изнајде начин и мерки да се задржат работните места и да се спречи падот на производството.

branko zito leb„Овие се две успешни компании кои решиле на кризата да и се спротистасват со нови инвестиции, со зголемување на извозот и зголемување на продуктивноста. Знаете дека стопанската комора одамна заговара проект 3 И за развој на извозот и инфраструктурата и инвестициите во Македонија. Во вакви услови единствено што можеме да направиме е да ги истакнеме како позитивни примери и да му дадеме на сите неуспешни фирми во Македонија пример како треба тоа да го прават“.

Посетата на претставниците на Стопанската комора на „Жито леб“ претставува празник за компанијата, после 23 годишно присуство со производство на охридскиот и македонскиот пазар, рече Колески Ќире.
„Ни треба некоја мала помош во бизнисот, од страна на комората од страна на Владата, во пофлексибилна, поточно пазарот да биде контролиран од сивата економија да се почитуваат стандардите за храна на пазарот кој што реално ни се потребни и сметам дека во овие услови треба вакви фирми кои што можат да го зголемуваат не само производството туку и бројот на вработении“.

Извршниот директор Бранко Ристески, потенцира дека изминатата 2011 година бележат добра реализација на огромни проекти. Во таа насока посебно го посочи значението од проширување на пазарот на ниво на земјава, како и отварањето на можноста за проширување на странскиот пазар.

zito leb 1„Првично е инвестиција во производство, доопремување на производството со автоматизирани и полуафтоматизирани процеси и излегување на пазар Скопје и купување на сопствена мрежа на млечни ресторани. Значи во почетокот на 2011 година реализирана е инвестиција во купување на 15 продажни објекти во Скопје со проширување на сопствени млечни ресторани и во средина на 2011 година реализирана е уште една инвестиција, купен е брендот Апетисимо на „Житоп Лукс“заедно со целокупната опрема“.

Директорот на Стопанска банка Григор Бишев, рече дека во целата економска криза шанса на компаниите е нивно преструктуирање. А се тоа може да се реализира со кредитна поддршка на банките, што е и нивна предност, додаде тој.
„На тој план очекуваме таа иницијатива како од големите компании и мали и средни компании, да го направи тоа, а посебно ми е драго што денес сме тука во „Жито Леб“, Охрид, која е само еден позитивен пример што го примена тоа и  треба да го следат и останатите“.

Сликата во електро и метало преработувачката индустрија е малку поинаква. Во овој дел, спас од лошата состојба се гледа во кредитите на Владата, смета Аце Антевски, од Раде Кончар.
„На стопанството во овој момент му треба плански користење на средствата брзо да се ефектуираат и да се даде ако е можно повеќе грејс период“.

Претставниците на Стопанската комора на Македонија ја посетија и ЛТХ Леарница, Охрид, се разбира со иста цел.

{loadposition content9}