Срушена плоча поклопи двајца работници во населба Рача
На местото на настанот веднаш пристигнаа првата помош и противпожарната единица кои успеаа да ги извадат повредените од кршот.
Жителите од населбата Рача претпладнево беа вознемирени од сериозен инцидент. При изведување на градежни зафати на летна кујна се срушила бетонската плоча на објектот и ги поклопила двајцата работници кои работеле во моментот. На местото на настанот веднаш пристигнале екипите на првата помош како и противпожарната единица кои успеале да ги извадат повредените од под рушевината. Двајцата работници потоа беа пренесени во специјалната болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“-Охрид.
Дополнително на местото на настанот, пристигна и екипа од секторот за внатрешни работи од Охрид кои неофицијално не информираа дека со случајот ќе биде запознаен и јавниот обвинител.
„Се работи за тешки телесни повреди, посебно кај едниот од пациентите. Карлична повреда. Останатите испитувања се во тек, така да за карактерот и тежината на повредите не можам да дадам дефинитивен суд. Во секој случај се работи за тешка телесна повреда, повреда на карлицата кај еден од пациентите. Што се однесува до другиот пациент, тој е под опсервација, значи во секој случај сериозна ситуација која што се надевам со тие мерки кои што ќе ги преземеме ќе биде ставена под контрола. Животно во моментов не се загрозени.“-рече Д-р Љубомир Богојевски од Специјалната болница за ортопедија и трауматолоција „Свети Еразмо“ од Охрид.
Потешко повредениот пациент е на возраст од 71 година додека другиот има четириесетина години. Од болницата „Свети Еразмо“ велат дека состојбата на пациентите ќе биде следена и во наредните 24 часа. Сопствениците на куќата не сакаа да дадат изјава за медиумите.
{loadposition content9}