Skip to main content

Со Струга ќе раководи градоначалник од ДУИ, оптимисти се од партијата

Во јавноста кружат потенцијални имиња на кандидати за оваа функција. Од таму велат сеуште е рано за подготовки, во моментов се преокупирани со избор на челник на партијата.

 |  Билјана Ќосеска  | 
DUI
ДУИ
Во јавноста кружат потенцијални имиња на кандидати за оваа функција. Од таму велат сеуште е рано за подготовки, во моментов се преокупирани со избор на челник на партијата.

Струшкиот огранок на ДУИ ги интензивира подготовките за претстојните локални избори. Иако од таму велат дека сеуште е рано да се прецизираат активностите за реализирање  кои им се на приоритетната листа,  сепак во јавноста веќе кружат шпекулации кои би биле потенцијалните кандидати за градоначалник од оваа партија. Се шпекулира дека интерес за кандидат за градоначалник на општина Струга од редовите на ДУИ проајавиле четворица партиски членови. Неофицијално се споменуваат имињата на сегашниот градоначалник Рамиз Мерко, претседател на советот на општина Струга, Сејфула Хани, поранешниот министер за образование Азис Положани како и директорот на казнено поправниот дом во Теферич, Мурат Љумани. Од партијата молк, никој не сака да коментира околу потенцијалните кандидати за градоначалник.

DUIПартиски извори за ТВм велат дека во моментов  е во тек анкетирање на членовите на Дуи за тоа кој од горе наведените кандидати е најсоодветен за прв човек на огранокот. Истите извори не информираат дека анкетирањето е во тек и од досегашните податоци 80% сакаат Рамиз Мерко да раководи со партијата. Инаку досегашна пракса на ДУИ е тој што е претседател на партијата да биде и кандидат за градоначалник.
Градоначалникот Мерко неодамна за ТВМ индиректно истакна дека се надева на уште еден градоначалнички мандат.

Во Дуи владее голем оптимизам дека прв човек на градот ќе биде член од нивната партија,  поточно сегашниот градоначалник. Од таму уште додаваат  дека Рамиз Мерко е добро прифатен од сите граѓани, албанци и македонци и  во неговиот мандат неуморно работел за соживотот а тоа е и една од  причините поради која граѓаните би ја дале својата доверба.

 

{loadposition content9}