Skip to main content

Зошто им се стемнува на светилките во градов

Несовесни граѓани повторно посегнаа по канделабрите на мостот на желбите

 |  Јаковлева Лионела  | 
most
мост

Мостот на желбите повторно потона во мрак. Дел од канделабрите на овој мост беа искршени од несовесни граѓани. Локалната откако во неколку наврати реагираше на ваквите недолични појави што со апели што со предупредувања, овојпат изнајде соломонско решение.

Сашо Велјаноски,самостоен помлад соработник во јавно осветлување во Локалната вели;

За да не биде мостот на желбите обвиен во мрак дел од канделабрите ги поставивме на карпите.

Велјаноски објаснува дека интервенциите од овој вид не се единствени. Тие континуирано работат на сервисирање на светилките низ градов. Затоа многу често се случува уличното осветлување да е вклучено и во текот на денот што ги вчудоневидува граѓаните кои прашуваат на што тоа се должи.мост


Велјаноски кажува дека тоа е поради сервисирањето на светилките кои при поправките мора да се вклучени за да може да се утврди каде е дефектот.

Тајмингот на осветлувањето е автоматски регулиран. Во летниот период светлата се палат во 20 часот и 30 мин, а се гасат во 4 часот и 45 мин. Велјаноски објаснува дека со намалувањето на денот ќе се зголемува времетраењето на осветлувањето. Од периодот на годината зависи и потрошувачката на електрична енергија. Логично во зимскиот период се трошат повеќе средства за осветлување, вели Велјаноски, а во летниот тој процент е помал. Поради тоа ставката која се издвојува од буџетот на општината по основ осветлување е варијабилна. Од локалната тврдат дека градот е добро осветлен. Остануваат уште неколку помали улички на кои треба да се реши овој проблем. Ветуват дека тоа ќе се направи до крајот на годината и уште еднаш апелираат до граѓаните да бидат посовесни и поодговорни кон светилките.

{loadposition content9}