Мобери внимавајте
Или отворете го паричникот или престанете физички или психички да ги малтретирате колегите или работниците. Се подготвува предлог-законот за заштита од мобинг
Пет до седум илјади евра казна за моберите. Ова го предвидува предлог-законот за заштита од мобинг кој го подготви Сојузот на синдикати на Македонија.Овој предлог закон во наредниот период ќе биде предаден на економско-социјалниот совет и до Владата на Македонија за да биде ставен во процедура. Потребата од едена ваков закон се јави затоа што се поголем е бројот на работниците врз кои се врши мобинг. Според податоците добиени од последната анкета спроведена од Сојузот на синдикати на Македонија 40 отсто од испитаните работници во Македонија, се незадоволни од она што им се случува на работното место, вели Драган Цветаноски преставник на регионалниот синдикат
Законот јасно предвидува кој ќе ја води постапката, а ќе бидат вклучени работници од ССМ заедно со посебни лица кои ќе го следат мобингот. Работниците врз кои се врши мобинг ќе знаат каде треба да се обратат доколку имаат некаков психички или физички притисок на работното место. Доколку проблемот не се реши интерно преку синдикатот на работната организација, случајот може да се пријави до претставникот на заштита при работа, до инспекциски служби и на крајот на краиштата до суд, објаснува Цветаноски.
Покрај законот за мобинг ССМ има иницијатива за формирање на посебно тело кое ќе води грижа и ќе врши сублимирање на појавите на мобинг и кое заедно со законот ќе обезбеди нормативна заштита на голем дел од работниците. Останува да видиме дали овојпат законот ќе ја помине собраниската процедура или повторно нема да биде изгласан како што тоа беше случај во 2009год.
{loadposition content9}