Skip to main content

Дигитални приказни за соживот

Младите од Струга преку изработка на дигитални приказни, покажаа како се одвива нивниот живот во една мултиетничка средина.

 |  Голабовски Крсте  | 
обука
obuka

Приказните од секојдневието на младите во мултиетничка Струга, позитивни примери во нивните заедници. Преку тридневна обука  младите ќе стекнат знаења за изработка на мултимедијални содржини, во кои тема ќе бидат различнитe  моменти поврзани со традицијата, предрасудите и верската толеранција, но и соживотот и дружењето на младите од овој град, вели Виктор Милевски од фондацијата „Метаморфозис“.

obuka„А целта е со крајниот производ однодсно создаденото видео, учесниците на обуката да пренесат порака до пошироките маси“ додава Миелски.

Милевски објасни дека за време на обуката учесниците ќе ги совладаат техниките за пишување на сценарио, обработување на видео материјали, обработување на фотографии, обработување на аудио. Темата на оваа обука е „Дружење во мултиетничка средина“.Најпрво секој од учесниците има задача да напише сценарио, секој на различна тема која опфаќа дружење во мултиетничка средина, потоа учесниците пронаоѓаат соодветни фотографии или самите ги изработуваат, за на крај да следи обработка на аудио материјалот. Инаку, обуката е организирана од страна на фондацијата „Метаморфозис“ Скопје, подржана од страна на фондацијата Фридрих Еберт и Локалната Аагенција за Развој од Струга.

{loadposition content9}