Skip to main content

Кој го „кочи“ „Законот за Охрид“?

„Законот за Охрид“ тема на седницата на Собранието на Република Македонија, посветена на  пратеничките прашања.

 |  Голабовски Крсте  | 
Aleksandar Nikolovski
Александар Николовски

Иако мина повеќе од една година како Собранието на РМ го усвои „Законот за прогласување на старото градско јадро за културно наследство од особено значење“, или популарно познат како „Законот за Охрид“, сепак бенефитот од него никако да се почуствува во целост. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната собраниска седница, посветена на пратеничките прашања, истакна дека за ваквата состојба е виновна Општина Охрид која  за овие година дена требаше да ги донесе Деталните урбанистички планови и за стариот град и за контактната зона. ДУП-ите не се донесоа, а граѓаните се соочуваат со нов проблем, вели Николовски. Одредбите од законот важат, плановите не се донесени, па жителите не може да направат ни основна реконструкција на своите куќи, а оние кои имаат дозвола  пак не може да почнат со градба поради различно толкување на законите.Николвски со молба до Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска да интервенира во Општина Охрид, да престане урбаниот хаос во Охрид.

„Јас знам дека ова не е одговорност на Минстерството за култура кое го донесе законот кој Собранието го усвои, туку дека одгорворна е Општина Охрид , но би ве замилил соодветно да интервенирате до општината, да се донесат ДУП-ви и да се стави ред во урбаното дивеење во градот“ вели Николовски.

Elizabeta Kancevska MileskaМинистерката за Култура Елизабета Канчевска Милеска истакна дека евидентна е негрижата на Општина Охрид за културното наследство, бидејќи досега ништо не е направено на тоа поле, а пред се негрижата се гледа со непочитувањето на законската регулатива од страна на Локалната. Министерката вети дека ваквата состојба наскоро ќе се смени.

„Навистина ми е жал што сиве овие нерегуларности направени во минатитот период ќе запрат, бидејќи во месец април минатата година законот стапи во сила, така да се она што е нелегално направено ќе биде отстрането преку соодветните законски мерки, преземени од сите надлежни институции“, вели Министерката Милевска.

Инаку Општина Охрид, требаше да ги донесе ДУП-те за стариот град во рок од една година, додека за контактната зона од од крајбрежјето до булеварот Железничка во рок од 6 месеци, но тоа сеуште не се случи. „Законот за прогласување на старото градско јадро за културно наследство од особено значење“, беше усвоен од страна на Собранието на РМ на 8.4.2011.

{loadposition content9}