Skip to main content

Во ОО на Црвен крст формиран клуб за цртање

Младите волонтери на Црвениот крст формираа клуб за цртање.

 |  Маленкова Татјана  | 
izlozba crven krst
изложба црвен Крст


Идејата за формирање на клуб за цртање ја реализираше Филип Стојкоски студент од трета година, заедно со триесеттина волонтери. Овој тим на млади уметници изминативе два месеци ги надоградуваа своите таленти во разни техники и модели на креативно изразување.  „Нашата цел беше да направиме нешто што ќе биде блиску до луѓето, а не да покажеме висока уметност која би била за затворен круг на луѓе“, вели Стојкоски за ТВМ.

„Јас преку оваа акција сакам да ја промовирам потребата за неформална едукација. Затоа сакав да izlozba crven krstорганизирам нешто на тоа поле. Изненаден сум многу во позитивна смислам, затоа што многу креативни луѓе се собрани во Црвен крст. Тоа испадна подобро отколку што очекував“, вели Филип Стојкоски, волонтер Црвен крст.

Изминативе два месеци, младите уметници најмногу твореле на хартија со молив, но сепак вечерва на изложбата ќе има дела иработени во други техники, но и специјални гости академски сликари.

Специјален гостин на овој културен настан ќе биде и Славко Баче, охридски уметник, но и волонтер на Црвен Крст кој има дадено голем придонес за оваа хуманитарна организација. Токму на денешната изложба охриѓани и гостите ќе имаат можност да видат дел од неговите досега необјавени скулптури. И овој клуб на млади уметници покажува дека заштитен знак на ОО на Црвениот крст е дружењето, креативноста, но и надоградувањето на основните знаења.

„Токму ова е причината што дел од младите волонтери посакаа да формираат клуб кој ќе се насочи кон izlozba crven krstуметноста и преку разни методи и модели и да го искажат она што го чувствуваат за црвен крст но и лично за себе со цел да ги надоградат своите капацитети. Важно за оваа изложба е што има хуманитарен карактер сите уметници по едно свое дело ќе имаат изложено и ќе има вредност на тоа дело. Под него ќе има касички од Црвен Крст за кој што сака да си го купи делото да ги донира средствата. Парите ќе бидат наменети за децата од Охрид и Дебарца кои живеат во социјално загрозени семејства“. вели Анета Јованоска, преставник на Црвен крст – Охрид.

Покрај уметнички дела, две волонтерки на Црвениот крст на вечерашната изложба ќе се претстават со фотографии. Овие фотографии ќе бидат јасен приказ на работата на волонтерите младите уметници поточно нивните активности за дво месечниот период кога и настанаа овие уметнички дела.

{loadposition content9}