„Херои на Македонија 2001“ во посета на општина Охрид
Претседателот на советот се сретна со дел од раководството на здружението „Херои на Македонија“.
Децата и дел од потесните семејства на погинатите бранители деновиве се во Охрид, во одморалиштето на МВР. Многу емоции, сеќавање на кобната 2001 год. И заседата на нашите бранители на Карпалак, Вејце, Љубојнски бачила имаше на средбата на Претставници на здружението „Херои на Македонија“ и претседавачот на советот Душко Јаковчески. Покрај за загинатите македонски херои на средбата стана збор и за активностите на здружението, но и за се она што може локалната да им помогне.
„ Здружението има обврска да се залага за семејствата на загинатите бранители и да ги штити и бара нивните права“, вели претседателот на здружението Владо Стојаноски. Тој на средбата додаде дека како здружение генерално се задоволни од третманот кој им го пружа државата. Додава дека само мал дел од нивните барања сеуште не се остварени.
„До ден денеска имаме 97 % исполнети се нашите барања според посебниот закон за бранителите од 2001 год. Има дел од барањата за обештетувања имаме иницијатива покренато за вработување на децата кои завршиле високо образование. А за семејствата кои не се обештетени имаме доставено до државните институции да бидат обештетени и рамноправни со сите други кои се веќе обештетени“, вели Владо Стојаноски, претседател на здружението, „херои на Македонија“.
„Дел од децата многу свежо ги носат сеќавањата на своите татковци и ним им е многу потешко, а поголемиот дел од децата биле премногу мали кога се случија настаните или пак се родија по подмолното загинување на нивните татковци“, вели Стојановски.
Преседавачот на Советот, Јаковчески вели дека локалната ќе направи се што е во нејзини можности, со цел барем малку да им ја ублажи болката на семејствата кои ги изгубија најдрагите.
„Тие се пред се скомни луѓе немаат некои големи барања. Нивната цел е децата на тие бранители , да се
ослободат од траумите што ги изгубиле еден од родителите. Ние како локална самоуправа на нивните скромни барања секоја година им излегуваме во пресрет и остануваме со ова традиционално дружење со нив“, вели претседавачот на советот на општина Охрид, Душко Jaковчески.
Здруженито „Херои на Македонија 2001“, се грижи за семејствата на загинатите, и како што велат најмногу за децата. Здруженито брои 68 семејства, со над 1200 челнови, затоа што кон ова здружение се приклониле и дел од ранетите припадници на АРМ и полицијата.
Во чест на загинатите бранители, Здружението „Херои на Македонија 2001“ на 10 март следната година ќе организира Централен меморијален турнир што ќе се одржи во Скопје. Ќе играат децата на загинатите кои ја бранеа Македонија во 2001 година.
{loadposition content9}