Skip to main content

Од бесплатниот превоз за струшките учениците нема ни траг

Трпението попушта и кај линиските превозници и кај учениците. Овој начин на превоз неможе да се спроведе поради  несогласувањата помеѓу превозниците.

 |  Билјана Ќосеска  | 
prevoznici Struga
превозници Струга
Трпението попушта и кај линиските превозници и кај учениците. Овој начин на превоз неможе да се спроведе поради  несогласувањата помеѓу превозниците.

Бесплатниот превоз за средношколците од  прва година во Струга, предизвика кавга помеѓу линиските превозници и учениците. Овој начин на превоз не се применува бидејќи   сопствениците на комби возилата нема да  ги превезуваат учениците, се додека  училиштата  не платат надоместок за тоа. Велат за таа намена министерството досега нема префрлено ниту денар  на нивната сметка. ТВМ неофицијално дознава  дека денес учениците од село Лабуништа ги  испуштиле првите два  часа.Причина  линискиот превозник не сакал да ги прифати и однесе до училиштето, токму поради наведените  причини. Од министерството за образование и наука велат дека од нивна страна се обезбедени средства наменети за бесплатниот превоз, а здружението на превозници „Исток“ ја има задачата да одлучи  кои превозници ќе го добијат тендерот и на која начин ќе се проведува превозот. Како што дознава ТВМ, на тендерот се избрани тројца превозници: „Вакчаре“, “Југотранс 06“ како и туристичката агенција „Расим Туризам“.

prevoznici StrugaОвие  превозници кои имаат склучено договор со здружението  изјавија  дека бесплатен превоз вршеле само два дена и тоа неуспешно. Многу од линиските превозници од струшките села не се согласувале на заедничаката соработка.
ТВМ побара одговор од здружението „Исток“ за тоа на која начин би се распределувале средствата на превозниците.
До затварањето на дневникот од здружението  не добивме информација. Инаку во струшкиот регион право на бесплатен превоз имаат околу 500-тини ученици.

 

{loadposition content9}