Жителите на Горно Лакочереј веќе една година немаат вода
Жителите од Горно Лакочереј на +30 степени преживуваат без вода.
Веќе една година низ цевките на водововот не протекала ни капка вода и тоа не само за пиење туку ни техничка вода.
„Со решение на министерството за здравство добивме решение дека бунарот кој го имаме за користење на водата, е комплетно неисправен и таа вода несмее да влезе во системот за водоснабдување и покрај тоа што жителите ја користеа како техничка вода“, открива советникот и жител на Горно Лакочереј, Климе Тренески.
„Во меѓувреме прегоре пумпата така да во системот во Горно Лакочереј нема ни капка вода и предложив да се прогласи елементарна непогода за Лакочереј да се снабди со вода за основните потреби дали со цистерни или да се бара алтернативно решение дали нов бунар или да се приклучиме на градски водовод само да добиеме вода за пиење“, вели советникот Климе Тренески.
Градоначалникот открива дека општина Охрид уште пред една година, кога и започнаа проблемите во ова село, донела одлука водоводниот систем во Лакочереј да го превземе општината. Тој објаснува дека системот во Лакочреј е поврзан од системот на ЕМО со вода и уште кога се правел истиот била издадена согласност од општинава со обврска ЕМО да му доставува вода и на Горно Лакочереј, за што Горно Лакочереј уште тогаш платил 40 000 марки.
„Проблемот е што јас побарав од ЕМО, со оглед на тоа дека ЕМО повеќе не е општествена фирма, системот за вода од ЕМО да го предадат на оштина Охрид. Поточно ние да го превземеме тој систем, а на Емо да му доставуваме бесплатна вода колку што му треба. Тие сеуште за тоа не ме имаат информирано позитивно туку едностано непочитувајќи го договорот направен пред повеќе од 30 години, сега ги имаат исклучено вентилите на Лакочереј и намаат вода“, вели градоначалникот Александар Петрески.
Петрески открива дека од службите од судот побарал да на ЕМО да му достават времена мерка, по што раководството ќе даде зелено светло да ги отвори вентилите и да повторно да протечи водата према Горно Лакочереј.
Градоначалникот истакна дека неможе да дозволи жителите да чекаат милостина, поради што се превземаат и други чекори жителите што поскоро да добијат вода. „Се додека не ги надминеме проблемите со ЕМО, од Лекоец ќе земиме вода од Градскиот водовод и ќе пуштиме према Горно Лакочереј“, додава Градоначалникот Петрески.
{loadposition content9}