Охрид е безбеден
Граѓаните и бројните туристи во Охрид, оваа сезона се безбедни. Ова мислење го дели првиот човек на градот Александар Петрески со претстваниците на СВР Охрид.
Во пресрет на туристичката сезона Охрид е безбеден. Денес на оваа тема се расправаше во Локалната самоуправа, пред повеќе релевантни претставници на надлежните институции. Актуелните проблеми на градот пред и за време на туристичката сезона повторно се најдоа на менито на дискусија пред присутните на состанокот. Тоа се бучавоста, нелојалната конкуренција на станоиздавачите, плажите и нивната намена, продавањето на храна на отворено, питачењето и друго. Градоначалникот Александар Петрески смета дека од нивна страна се презеле многу мерки во насока на подобрување на безбедносната слика во градот. Но го поздрави и гестот на Владата за забрана на тешки товарни возила за време на туристичката сезона на автопатот Гостивар-Охрид.
„Вие знаете дека од пред некое време се воведе ограничување на тешки моторни возила, што значи дека и во тој дел мислам дека со оглед на патиштата што ги имаме е добра мерка која позитивно ќе се одрази на туристичката сезона во Охрид“.
Петрески смета дека со тимска работа може многу да се допринесе за подобрување на безбедносната слика во градот. Ваквото мислење го дели и Живорад Савиќ претставник на СВР Охрид. Но сепак, тој акцент даде на свесноста на сите граѓани и нивната лична одговорност и пристап кон проблемот со безбедноста за време на туристичката сезона.
„Би се сложил со вас дека Охрид е безбеден град и тоа треба да се каже и на сите тие што ке дојдат во Охрид да им посакаме пријатен престој“.
Гласната музика генерално е главен и сериозен проблем потенцира Илија Милески помошник командирот. Генератори на таа бучавост се неколку добро познати угостителски објекти во Охрид, потенцира Милески, со посебен акцент на локацијата на објектот Муренка.
Но исто така најави засилена и максимална полициска асистенција на трите угостителски објекти прочуени по нарушување на Јавниот ред и мир, Хавана, Еспана И Наполеон.
„Ланска година 70 % за гласна музика беше конкретно местото викано Муренка. Општинскиот инспекторат до нас има доставено барање да му одговориме, во било кое време и било кој ден“.
Не успеавме во целост да ги сослушаме заклчцоците на средбата каде што се разгледуваше општата безбедносна состојба во Охрид, бидејки градоначалникот Петрески имаше посебна зелба.
„Ние сега ќе продискутираме како некои работи ќе ги спроведиме без директен пренос“.
Да се надеваме дека оваа туристичка сезона ќе помине без посебни проблеми и инциденти, бидејќи во спротивно сите напори на Локалнта и СВР Охрид ќе бидат само уште еден неуспешен обид да се справат со проблемите од областа на безбедносната состојба во пресрет на туристичката сезона.
{loadposition content9}