Скарата создава брчки
Летото е идеално време за излет во природа и распалување на скара под некоја дебела сенка, но научниците ги предупредуваат љубителите на скара да бидат внимателни.
Летото е идеално време за излет во природа и распалување на скара под некоја дебела сенка, но научниците ги предупредуваат љубителите на скара да бидат внимателни, бидејќи тоа би можело да ги чини и неколку нови брчки.
Храната подготвена на скара содржи штетни состојки кои, во поголеми количини, го забрзуваат стареењето на кожата.
“Гликацијата е реакција која настанува при високи температури помеѓу јаглехидратите (сите шеќери и скроб) и протеините или мастите”, вели Анастасија Калео од лондонскиот универзитет.
Подготвувањето на храната на скара за нашата кожа е многу поштетно од варењето во вода или готвењето на пареа. Нашето тело ги апсорбира штетните материи кои настануваат притоа, а кога ги има премногу, тоа доведува до создавање на брчки и опуштен изглед на кожата.
{loadposition content9}