Skip to main content

Во употреба ќе има два инфо пункта

Свеченото отворање, на еден од трите информативни центри ќе се случи до крајот на неделава, информираат од Локалната самоуправа.

 |  Валентина Неловска  | 
инфо
инфо

Свеченото отворање, на еден од трите информативни центри ќе се случи до крајот на неделава, информираат од Локалната самоуправа. Тука туристите од прва рака треба да ги добиваат сите поважни информации за Охрид. Едниот ќе биде лоциран  на северниот, најфрекфентен влез  во градот, а последни припреми се прават и за другиот во центарот, во комплексот Летница.  На прашањето зошто се доцни со нивното отворање, портпаролот на Локалната самоуправа, Симон Илиески, појаснува дека за нивното поставување не се оставило  ништо случајно туку се испочитувале  сите  законски прописи, кои од друга страна, траат подолго  време и ги пролонгираат работите.
инфо пункт„ Нам ние најлесно да ги поставиме па да ги тргнеме, но сакаме да ги запазиме сите законски прописи и процедури за да не не обвини некој дека ние поставуваме диво градби, а од другите бараме да ги почитуваат законите“.
Илиески најави дека  поставувањето на инфо центарот во Пештани пак,  ќе почека. Се работи на одредени нерешени прашања, истакна Илиески. Општинскиот портпарол проговори и за пунктот на Плаошник кој го бараше  Министерството за култура за поставување на нивен објект за продажба на сувенири и туристички информативен  материјал.
„Ние кажавме дека треба да се испочитува целата процедура. Покрај барањето да се изготви и програма заедно со идејно решение и со мислењата на Управата за заштита на културното наследство и Министерството за транспорт и врски.  Потоа сето тоа да помине на општинскиот Совет бидејќи се работи за времен објект, исто како и за нашите  објeкти,  да се поминат процедурите за сите важечки законски прописи“, појаснува Илиески.
Засега, во Охрид туристите се информираат во единственото информативно биро Лихнидос. Гостите   по пристигањето на автобуската станица, тука добиваат податоци важни за нивниот престој на езерското крајбрежје.  

{loadposition content9}